Премиерот Зоран Заев, со објава на официјалната Фејсбук страница им ја честиташе државната награда „Мето Јовановски“ на укажувачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, нарекувајќи ги „хероите на демократија“.Со ова највисоко признание за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, денеска во Собранието на Република Северна Македонија беше одбележан Денот на човековите права.
„Нивната храброст и нивните вредности осојузени со политичкото и граѓанското мнозинство беа силен удар врз недемократските окови на режимот и го започнаа патот кон ослободувањето на нашето општество“, пишува Заев во честитката.
Според него, оваа нивна жртва ги поставува високо на пиедесталот моралот и одговорноста коишто еден граѓанин може да ги покаже.
„Не би можел да замислам посоодветен и позаслужен избор на луѓе за оваа награда. Ви се поклонувам, вие сте гордоста на нашето општество!“, истакнува Заев.
Ц.Д












