• Latest
Проф д-р Јове Кекеновски

Сдсмовска и дпмнеовска демократија

December 13, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сдсмовска и дпмнеовска демократија

December 13, 2021 07:45
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф д-р Јове Кекеновски

Проф д-р Јове Кекеновски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

И СДСМ и ДПМНЕ со години во својот назив го содржат префиксот „демократска“. Колку ја практикуваат демократијата и колку го оправдуваат овој префикс покажаа последните партиски конгреси на овие две најголеми политички партии кои се одржаа во ист ден и на кои се избраа стариот и новиот партиски претседател.

На овој конгрес на СДСМ тројца кандидати конкурираа за претседател на партијата. На претходниот конгрес СДСМ имаше само еден кандидат, Зоран Заев. Кај социјалдемократите претседател се избира од страна на целото партиско членство. Секако дека ова е за поздравување доколку навистина се дозволи членството да си гласа по свое убедување, а не онака како што се случи при последниов избор. Членовите на СДСМ демек имаа право на избор, а во суштина речиси цело досегашно партиско раководство јавно поддржуваше, лобираше и вршеше суптилен притисок за еден од кандидатите, иако се слушна и за закани кон одредени персони кои размислувале да се кандидираат. Новиот претседател и пред формално да биде избран беше јавно и самоволно избран од страна на досегашниот сдсмовски лидер. Сето она што се случуваше за време на конгресот беше само глумење внатрепартиска демократија. Оваа е целосно copy-paste на работењето на Груевски и Мицковски кои на двете последни партиски конвенции за избор на кандидат за претседател на државата „дозволија” да се појават повеќе кандидати, но целото тогашно раководство претходно јавно се определи  и лобираше за Иванов и за Силјановска. И нормално ни тогаш во ДПМНЕ, ниту сега во СДСМ не беше тешко да се избере посакуваната персона за таа позиција. Јас оваа наводна партиска демократија ја нарекувам привидна демократија и истата ја сфаќам во смисла: „Еве ние јавно покажуваме и практикуваме демократија, ама во наш стил. Секој има право да го избере оној кандидат кој ние му го протежираме, односно оној кој јас (како лидер) го посакувам. И тоа мора да се испочитува“.

Во  ДПМНЕ, исто како и на претходниот конгрес кој се одржа во Валандово, иста слика. Мицковски беше единствен кандидат како и на претходниот конгрес. Додуша, тогаш беше инсталиран од страна на Груевски, а сега сам си ја обезбеди таа позиција. Тврдам дека ниту тој, ниту неговите најблиски соработници дека не посакуваа да се појави противкандидат. Не дај боже од некаде случајно да се појавеше некој противкандидат „пискотници ќе се слушаа до Галичник“. Ќе го распнаа како Исус Христос на крст. Иако Статутот кој постојано се менува и дополнува на седница на Централен комитет (иако Конгресот е највисок орган) за волја на вистината, дава можност со 30 собрани потписи од делегатите да се појават и други кандидати, сепак, тоа беше практично неизводливо поради следниве причини. Имено, со оглед на статутарните одредби кои велат дека Конгресот го сочинуваат: „членовите на Централниот Комитет, членовите на Извршниот комитет, актуелните пратеници и градоначалници, 15 делегати делегирани од ИК на Унијата на млади сили, 15 делегати делегирани од ИК на Унијата на жени, 15 делегати делегирани од Претседателството на Унијата на ветерани, 10 делегати делегирани од Партискиот институт, 10 делегати делегирани од Форумот на интелектуалци на партијата и делегати избрани од општинските комитети и тоа во согласност со бројот на членови во секој комитет, при што на секои 200 членови, општинскиот комитет делегира 1 член“, а имајќи го предвид фактот дека на ниту една од овие позиции и партиски асоцијации нема случајни луѓе (се работи за претходно инсталирани луѓе од доверба и кои се под апсолутна контрола), станува сосема јасно дека практично беше невозможно некој друг да се појави, а најмалку да очекува дека некој друг ќе победи на конгресот. Ако на ова се надоврзе и фактот дека овој конгрес се одржа во еуфорија по првата изборна победа на локални избори, а по претходни пет или шест изборни порази беше јасно како бел ден дека овој конгрес има за цела да ја „бетонира“ позицијата на Мицковски. На овој конгрес гласаа и избираа избраниците на оној кој мораше да биде избран. И ајде сега нека се појавеше некој како противкандидат на актуелниот претседател.

Ако е за волја на вистината, по извршениот реизбор, Мицковски имаше прилично содржаен говор. Покажа прагматизам, широкоградост, вети воспоставување нови стандарди, подаде рака на разни структури, се осврна на даночната, меѓународната и здравствената политика, на проблемите и др. Меѓутоа, многу работи ги одмолча. Молк за спорот со Бугарија, за коалицијата со Села, за Преспанскиот договор. Ништо не слушнавме и за осомничените и обвинетите сопартијци од неговото најблиско опкружување, а за сопартијците во казаматите ниту збор. Останува да се надеваме дека барем поголем дел од програмата и доктрината ќе биде успешно реализиран. Би било трагично доколку убаво спакуваната приказна трае само во наредните 5-10 дена, а потоа да се продолжи по старо. Се надевам дека целта не е во еден подолг период да бидат маргинализирани и елиминирани сите оние партиски структури кои имаат поразлично мислење од мислењето на лидерот и на неговото раководство. Ќе биде уште пострашно доколку принципот на лична одговорност за евентуалните идни погрешните потези околу водењето на партијата како и за практикуваните политики во наредните години остане мислена именка.

На крајот сакам да напоменам дека и СДСМ и ДПМНЕ по поминати 30 години од воведување на политичкиот плурализам останаа строго централизирани и се водени од култот кон лидерот. Поради длабоко всадената поданичката политичка култура кај најголем број од членството и населението, сѐ зависи од политичките лидери, од нивната добра волја и од тоа колку сте им симпатични или антипатични. Сѐ додека при селекцијата на партиските лидери и кандидати за разни функции (на партиско и државно ниво) не се применува пристапот „оддолу па нагоре“, сѐ дотогаш ќе имаме практикување на мек или потврд партиски и државен авторитаризам, односно привидна внатрепартиска и демократија на ниво на држава. Партиските собири од највисоко па до најниско ниво мора да бидат легитимен и легален израз на волјата на партиското членство, а не да бидат театарски сцени на кои се практикува привидна демократија, односно мек авторитаризам завиткан во чоколадна обланда.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ