• Latest

Каришик: Кампањата „Битно је бити Бошњак“ ни беше потребна поради грешките во минатото и конфузијата на националното изјаснување

December 21, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Каришик: Кампањата „Битно је бити Бошњак“ ни беше потребна поради грешките во минатото и конфузијата на националното изјаснување

December 21, 2021 20:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Аделаид Каришик од Бошњачки истражувачки центар Скопје, на панелот на ЦИВИЛ „помалите етнички заедници: Помеѓу статистиката и политиката“.

 

„Бошњаците се една од ретките заедници на која на почетокот на минатиот век, со декрет им е укинато правото на национално изјаснување, и правото на мајчин јазик. По временски период од некои деведесет-сто години, каде што Бошњаците немаа право да се изјаснуваат онака како што се чувствуваат, туку секогаш им биле наметнувани некои називи како што се во прво време дали Срби со муслиманска вероисповест или Хрвати со муслиманска, а потоа, за време на Југославија и како муслимани со големо М, верската назнака на еден народ беше користена како нивна национална ознака, така што од таа причина, бидејќи имаме последици од  тие работи што се случувале во минатото, беше битно за нас како народ, да настапиме со оваа кампања ( „Битно је бити Бошњак“), и бидејќи се уште има конфузија во поглед на националното изјаснување, намерна, ненамерна и слично, така што ни беше потребна оваа кампања.

„Ние направивме едно координативно тело за Пописот 2021 година, во кое членуваа сите бошњачки невладини организации, сите бошњачки организации кои делуваат во Република Северна Македонија беа вклучени во координативното тело и во неговата работа. Земавме пример од пописот во Босна и Херцеговина, каде што невладиниот сектор ја правеше кампањата, а таа да не биде вплеткана во тие дневно политички теми, туку да биде само за пописот. Секако, добивме и политичка, и институционална поддршка, од чинителите во нашето општество ,кои и припаѓаат на бошњачката заедница.

На првиот термин за пописот, што беше во април, почнавме со кампањата и со посета на населените места каде што живеат Бошњаците. Тоа се шест до седум општини, значи Градот Скопје и скопските општини, општина Студеничани и Батинци, општина Велес, Долнени, и одржавме трибини во тие места, почнавме со Коњари, општина Петровец, и со Љубин, општина Сарај, меѓутоа, поради пандемијата, поради рестриктивните мерки, а подоцна и поради откажувањето на првиот термин за Пописот, застанавме со таа физичка присутност во местата, и одвивавме само онлајн кампањи. Организиравме и два настани, првиот беше со високи претставници од политичките претставници од бошњачката етничка заедница во Република Косово, вториот настан беше со претставници од Фондацијата Алија Изетбеговиќ од Босна. Тие ни ги пренесоа искуствата од пописот што се спроведе во Босна, ние им пренесовме искуства на претставниците од Косово, од нашиот попис, бидејќи чинам дека и нив таму ги чека попис… Можам да кажам дека направивме една солидна кампања, во однос на моменталните  услови.“, посочува Каришик.

„Дефинитивно имаше потреба од оваа кампања, бидејќи бројките од пописите, од деведесеттата па наваму од кога е формирана независната држава, покажуваат дека со националното освестување, на секој попис имаме помал број на муслимани со големо М, а поголем број на Бошњаци, така што сметам дека беше потребно.“

Во однос на спроведувањето на Пописот, Каришик вели дека тоа е надлежност на ДЗС.

„Како координативно тело, немавме влијание да учествуваме директно на терен. ДЗС беше надлежен за тоа, но имавме само колсунтантска улога, но бевме во контакт со пошишувачите од пописните региони од бошњачката заедница. Тие не информираа за тоа како течеше процесот на спроведување на пописот на терен“.

Во однос на предизвиците во спроведувањето на пописот, Каришик вели дека како координативно тело одржале состанок со претставници на Државниот завод за статистика, на кое од страна на ДЗС имале уверување дека нема да има технички и други проблеми.

„На почетокот на пописот доживеавме малку непријатности, повторно беше направена грешката од 2002 година, кога беше последниот валиден попис. Повторно јазикот беше именуван како бошњачки, а требаше Босански, меѓутоа, таа грешка беше исправена. Според наши информации, на терен проблемите биле од техничка природа, заради електронската апликација. Од друга страна, добивме поплаки од наши сограѓани од бошњачката заедница, дека доста луѓе останале непопишани, заради работното време, кога попишувачите не можеле да ги најдат, па им оставале броеви да се јават, и потоа граѓаните морале да одат сами во општина за да се попишат. Се надеваме дека сепак сите ќе бидат попишани, како што уверуваат од ДЗС“, вели Каришик.

„Бошњачката заедница не учествуваше и не сака да учествува во такви кампањи, за бојкот, тоа штетно за држава која дваесет години немала попис. Ние мора да имаме бројки, пред се, заради сите други политики што треба да ги спроведуваме. Кај нас, за жал, дневно политичките случувања наметнуваат такво темпо, и затоа го имаме тој момент, бидејќи најверојатно на некој, бројките, колку Македонци, Албанци и други има во државата, но пред се, ние како заедница сакавме да видиме колку луѓе има во државата, каде ги има, каде се распоредени, нивните потреби, образованието и слично“,  вели Каришик за кампањата за бојкот на процесот.

Панелот го водеше Дехран Муратов

обработка на текстот: Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа и реализација: Ариан Мехмети

Фотографија: Горан Наумовски 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ