• Latest
фото: скриншот од прес конференција

Филипче е горд што во неговиот мандат платите на лекарите се зголемени речиси двојно, најмногу жали што не успеал да го изгради Клиничкиот центар

December 22, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче е горд што во неговиот мандат платите на лекарите се зголемени речиси двојно, најмногу жали што не успеал да го изгради Клиничкиот центар

December 22, 2021 12:51
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
фото: скриншот од прес конференција

фото: скриншот од прес конференција

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Филипче денеска ја посети реновираната  Универзитетската  Клиника за Ортопедски болести каде на простор од 1300 метри квадратни во 20 болнички соби ќе има можност да се сместат и третираат 70 пациенти во најсовремени услови.

Информираше дека реновирањето чинело околу 13 млиони денари, а најголем дел од средствата се обезбедени од самата Клиника додека другиот дел од донаторите.

-Огромен број на експерти работат тука, огромно искуство е кулминирано тука на оваа Клиника, тоа се наши колеги познати во светот по своите интервенции, по своите публикации и тоа е уште еден аргумент, уште една работа со која што сме навистина горди, истакна министерот за здравство Венко Филипче при денешната посетата на клиниката.

Министерот Филипче ,  во одговор нановинарски прашања се осврна на неговата работа како министер за здравство.

Филипче рече дека е горд затоа што во неговиот мандат платите на лекарите се зголемени речиси двојно, додека најмногу жали што не успеал да го изгради Клиничкиот центар.

– Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови.Горд сум на тимскиот дух..навистна сум горд на големата помош на премиерот Заев што интервениравме за да се зголемат примањата на здравствените работници, изјави Филипче.
Филипче смета дека добро се справуваме со пандемијата. Состојбата е мирна и нема да се прават дополнотелни рестрикции.

Според него сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа, како што рече, такви собири на јавни места има насекаде. Практично, вели тој, кулминација ќе се достигне за време на новогодишните празници и после сето тоа ќе спласне.

-Не гледам зашто специфично и само за новогодишните празници би правеле некаква рестрикција кога собири сега пред нова година традиционално има секаде во огромен број луѓе се собираат, нагласи Филипче.

Во однос на вакцинацинираните, министерот смета дека процентот е висок, но и дека интересот е спласнат.

-Сметам дека опфатот кој што според новиот попис веројатно негде помеѓу 50, па дури и 55 проценти ако се исклучат децата, сепак е висок, прилично висок процент. Жал ми е што спласна интересот и нема да достигнеме за кратко време 70 или 80 проценти опфат. Така да, во таа смисла имајќи ја дополнително предвид тоа што болниците се навистина растеретени, дел од ковид центрите веќе се затвораат. Во почетокот на следната недела целата интерна клиника ќе се врати во нормална работа.Значи Одделот за неврологија и дерматологија се враќа во нормална работа, сите ковид капациетни тука ќе бидат сместени само на Инфективната клиника. Сметаме дека ситуацијата е мирна, потенцира Филипче.

Сепак, рече тој не можеме да се предвиди како ќе биде, дали некоја варијанта на вирусот ќе придонесе да се влоши епидемиолошката ситуација, но додаде дека затоа акцент е ставен на вакцинацијата.

За неговиот наследник на министерското место во Здравство, министерот во заминување, Венко Филипче рече.
-Не се познавам лично со Беким Сали, но ќе иницирам средба. Ќе му оставам аманет да биде одговорен и транспарентен, пред сè, кон новинарите.

 

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ