• Latest

Заврши тригодишниот проект на МОТ за зајакнување на социјалниот дијалог

December 30, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Заврши тригодишниот проект на МОТ за зајакнување на социјалниот дијалог

December 30, 2021 13:17
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната организација на трудот (МОТ) го реализираше тригодишниот Проект за зајакнување на социјалниот дијалог (јануари 2019 – декември 2021), финансиски поддржан од Европската Унија, чија цел е да придонесе во создавање повеќе и подобри работни места.

Како што соопшти Канцеларијата на МОТ во земјава, проектот го поддржа учеството на институциите за социјален дијалог во креирањето политики на национално и на локално ниво и практиката на редовни консултации преку националниот и локалните економско-социјални совети.

Создадени се услови социјалните партнери да бидат подобро подготвени за да обезбедат квалитетни совети за политиките, како и услуги насочени кон побарувачката на нивното членство.

Зајакнувањето на социјалниот дијалог се одвиваше преку три компоненти: првата се состои од подобрување на функционирањето и видливоста на Економско-социјалниот совет (ЕСС) преку вклучување во општествените текови, дискутирање на клучни теми од економско-социјалната сфера и давање информирани мислења и предлози, базирани на анализи. Како што е наведено во соопштението на МОТ, тука влегува целосна вклученост во креирањето на пакетите за поддршка на економијата во услови на кризата со КОВИД-19, дискусијата на модалитетите за работа на далечина, новиот Закон за работните односи, минималната плата и неделата како неработен ден.

– Фокусот на втората компонента беше подобрување на социјалниот дијалог на локално ниво, преку подобрување на структурата и функционирањето на локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), со можност за заживување на оние кои не функционираат. Во овој сегмент се создаде и спроведе локално партнерство за вработување, со фокус на предизвиците со невработеноста кај младите, децентрализирано спроведување на националните политики за вработување, како и развој на локални решенија за конкретни предизвици во вработувањето на општинско или регионално ниво, соопшти МОТ.

Целта на третата компонента беше да ги зајакне видливоста, значењето и капацитетот на синдикатите и на организациите на работодавачи. Со оглед на предизвиците со кои се соочуваат социјалните партнери со задржување и зголемување на членството, посочува МОТ, проектот се фокусираше на зајакнување на капацитетите на социјалните партнери, преку развој и креирање нови услуги, согласно побарувачката, со цел зголемување на нивото на задоволство кај постојните членови, зголемување на атрактивноста на организациите за потенцијалните членови, што, пак, ќе резултира со поширока и порепрезентативна база на членови и подобрен квалитет на советите за политики.

– Во текот овие три години се спроведоа две успешни кампањи од кои едната беше за работнички права со фокус на вработените, работодавачите и младите во процес на образование, а втората од аспект на формализирање на работата. Кампањите се од особена важност за сите вработени, непријавени лица, и нивните права на работата/правата што произлегуваат од работен однос. Во текот на проектот беа реализирани голем број активности од важност за националниот и локален пазар на труд. Направена беше дијагноза на локалните пазари на трудот за 12 општини каде што има локални економско-социјални совети. Имплементирано е едно локално партнерство за вработување, Стартап центар Битола, кое резултираше со 35 вработувања, од кои 10 преку програмата за стартапи, 10 преку обуката за напредни ИТ-вештини, и 15 преку Саемот за кариера, а дополнително беа поддржани уште осум локални стартапи, се наведува во соопштението. 

Меѓу новите воведени услуги од страна на социјалните партнери се истакнуваат целосна дигитализација на Сојузот на синдикатите, преку апликацијата за пријава на повреда на работнички права и  Синди Е-советник; платформата за е-обука и сеопфатното истражување за плати на Организацијата на работодавачи на Македонија; платформата за бизнис-поддршка на Бизнис конфедерација на Македонија; платформа за зачленување на работници во нестандардни облици за вработување и центарот за бесплатна правна помош на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија; и СОС-линија за пријава на вознемирување и насилство на работното место на Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија.

Проектот беше наменет за членовите на Економско-социјалниот совет и неговиот Секретаријатот, Министерството за труд и социјална политика, локалните економско-социјални совети, организациите на работодавачи и синдикатите. Крајни корисници се работодавците и работниците и  општата јавност на Република Северна Македонија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ