• Latest

Маричиќ: Потребно да се опстои на патот по кој тргнавме, патот на реформите, а резултатите сигурно ќе дојдат

December 31, 2021
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Потребно да се опстои на патот по кој тргнавме, патот на реформите, а резултатите сигурно ќе дојдат

December 31, 2021 11:22
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформите во секторот не се ниту брзи, ниту едноставни. Потребно да се опстои на патот по кој тргнавме. Патот на реформите, а резултатите сигурно ќе дојдат, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во своето новогодишно видео обраќање, упатувајќи желби пред сè за добро здравје, успех, среќа и да имаме нова година исполнета со успеси на секое поле.

– Изминатата година, продолжија некои процеси за кој сметам дека се од исклучително големо значење за иднината и долгорочниот развој на државата. Тука во Министерството за правда интензивно се работеше на многу нови закони и се завршија процеси кои беа повеќе од потребни, порачува во своето новогодишно видео обраќање министерот Маричиќ.

Годинава, посочува Маричиќ, спроведовме попис и по цели 20 години, во навистина сложени услови, пандемија, повици за бојкот и слично, успеавме да го преброиме населението и имотот.

– Посебно сум горд што за време на мојот мандат Министерството за правда го подготви овој закон со кој успешно се заокружи овој статистичкиот процес. Оваа година Владата ги усвои и измените на Кривичниот законик со кој значително се зголемува правната заштита на жените, но и на новинарите и медиумските работници. За нив направивме и измени на неколку други закони со кои се за неколку пати се намалува надоместокот за штета за клевета и навреда, како за новинарите, така и за медиумите. Вакви системски чекори за подобрување на состојбата на медиумските работници е нешто што придонесува за голема демократизација на јавниот простор, посочува Маричиќ.

Изминатава година, според Маричиќ, со потпишувањето на Протоколот 16 на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, земјава на повисоко ниво ја издигна соработката со судот што ќе биде во директна полза на граѓаните.

– Започнавме со дигитализација на судството. Неколку услуги за граѓаните се веќе целосно дигитализирани, нема повеќе чекање по шалтери за уверенија за неосудуваност, а истото ќе се направи и со другите услуги. Во меѓувреме продолжи филтрацијата на судството, а поради констатирано нестручно е несовесно работење повеќе судии беа разрешени од страна на Судскиот совет. Се постигна договор за поголеми плати во судството и обвинителството за 15 проценти и тој договор е веќе спроведен во буџетот од наредната година. Дополнително, за подобро функционирање на правната држава, изминатата година изработивме, Владата ги усвои и сега се во Собранието десетици закони, за кои се надевам дека пратениците ќе ги набрзо ќе дадат „зелено светло“, нагласува Маричиќ во своето новгодишно обраќање.

Маричиќ, исто така, потсетува дека годинава добивме позитивни извештаи и од Стејт Департментот и Европската комисија во делот на правдата каде што е констатиран напредок.

-Ова уште еден доказ дека сето тоа што го работевме изминатиот период како Влада и како Министерство за правда е признаено од најрелевантните меѓународни фактори, кои во минатото давале слаби оценки токму во делот на владеењето на правото и правната држава, посочува Маричиќ.

Според Маричиќ, реформите во секторот со кој раководам не се ниту брзи, ниту едноставни.

– Удари кон правната држава има секојдневно, од различни центри на моќ, а за демонтирање на остатоците од режимот во судството треба навистина време и трпение. Сепак, сигурен сум дека откако веќе јавно се говори за проблемите и се работи на нивно решавање и откако конечно се носат вистински системски решенија, потребно да се опстои на патот по кој тргнавме. Патот на реформите, а резултатите сигурно ќе дојдат, вели Маричиќ.

На крајот, Маричиќ во своето новогодишно видео обраќање, на сите им ја честита новата година, со желби пред сè за добро здравје, успех, среќа и да имаме нова година исполнета со успеси на секое поле.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ