• Latest

Контраспин: Како Апасиев спинува за прашањето за современите дисиденти

January 4, 2022

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Како Апасиев спинува за прашањето за современите дисиденти

January 4, 2022 16:24
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Левица спинува во корист на Русија и Кина, безмалку претставувајќи ги како небаре демократски земји на ниво на Соединетите Американски Држави од гледна точка на степенот на демократија, притоа манипулирајќи со една единствена карактеристика на современите дисиденти, нивната популарност кај светската јавност, претставувајќи ја како пресудна за опстанокот на САД, на нејзината демократија и либерализмот воопшто, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин, којшто го пренесуваме во целост подолу:

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, на својот Твитер профил, осврнувајќи се на дисидентското дејствување, искажа ставови кои се класичен спин:

Спин: Запрепастува фактот што најголемите ДИСИДЕНТИ на нашето време (Асанж, Сноуден и Манинг) не доаѓаат од Русија или Кина, туку од САД. Толку од приказните за човековите права на Западот. Завршува ерата на либерализмот.

[Извор: Твитер – Датум: 11.12.2021]

Контраспин: Тврдењето на Апасиев, дека најголемите дисиденти на нашето време не доаѓаат од Русија или Кина, туку од САД, претставувајќи ги САД како режим во кој не се почитуваат човековите права, е класичен ватабаутизам.

 

Оваа тактика потекнува од Студената војна и ја користеле тогашните комунистички претставници на Советскиот Сојуз за време на разговорите со своите западни колеги. Тоа вклучува игнорирање на аргументите на другите страни целосно, но наоѓање на навидум слични контрааргументи и нивно користење за да се спротивстави на нападот, и покрај фактот што контрааргументите може да бидат лажни, потпирајќи се на дезинформации, нелогичности, застарени искази, без пропорционалност итн. Добро познат пример би биле западните партии кои ќе го обвинат тогашниот Советски Сојуз дека затворил милиони негови граѓани во сибирските гулази, без да ги почитува нивните основни човекови права, само за да добијат „контрааргумент“ прашувајќи „но, што е со…“ (англ. “but what about…” – од каде што доаѓа и името на оваа дебатна тактика), а потоа советските претставници ќе споменат некакво судење во јужна држава на САД каде бел судија неправедно ќе осуди црнец на долга казна, целосно занемарувајќи ја пропорционалноста на двата настани, фактот дека во САД всушност имаше судење, а особено фактот дека ставањето милиони луѓе во Гулази беше политика изрекувана од државата, додека другиот настан беше еден суд случај кој нема никаква врска со официјалната политика на САД.

Прво и основно, може само да се консултира списокот на новинари во Русија убиени пред и за време на владеењето на претседателот Владимир Путин за јасно и брзо да се дознае и да се разбере колку е смешно ова тврдење од твитот на Апасиев. Десетици убиени новинари, многу од нив за критикување на постојниот руски режим, а некои додека известуваа за војните во чеченските конфликти, покажуваат дека бројот на дисиденти во Русија само меѓу новинарите е огромен и не може да се спореди со нивните американски колеги.

Апасиев очигледно заборавил или не е информиран за еден од најпознатите дисиденти на нашето време кој доаѓа од Русија, Алексеј Навални, кој моментално отслужува затворска казна од две и пол години за прекршување на условната казна од 2014 година. Неговото апсење предизвика тензии во односите со Западот кој бара негово ослободување.

Апасиев можеби заборавил и како Навални во 2020 година, пред да биде уапсен, беше отруен со нервен отров новичок, за што потврда дојде од германската германската влада, повикувајќи се на резултати од испитувањата. На Навални ненадејно му се слоши на лет од Сибир кон Москва на 20 август годинава. Првично беше сместен во болница во рускиот град Омск, а подоцна беше префрлен во Берлин.

Рускиот регулатор на медиуми Роскомнадзор во јули 2021 година блокираше 49 веб-страници поврзани со овој критичар на Кремљ.

Во изминатите десетина години, јавноста ги памети убиствата на неколку новинари, гласни критичари на владите во поранешните советски држави Русија, Украина и Белорусија. Аркадиј Бабченко, руски новинар беше убиен во неговиот стан во Киев, најверојатно поради неговата работа. Рускиот пратеник Денис Вороненко. Во Киев во својот стан беше убиен и рускиот новинар Александар Шчетинин.

Во февруари 2015 година, со четири куршуми во грбот беше убиен рускиот опозиционер и најголем критичар на Владимир Путин, Борис Немцов. 55-годишниот лидер, бил изрешетан додека со познатата украинска манекенка Ана Дурицкаја се враќал од вечера и минувал низ мостот кој води кон Кремљ и Црвениот плоштад. Немцов беше основач на опозициското движење Солидарност, пратеник во повеќе собраниски состави и вицепремиер за време на владеењето на Елцин. Жестоко го критикуваше Путин за негова директна инволвираност во украинската војна , а го обвинуваше и за трошење милијарди долари буџетски пари за луксуз. Тврдеше дека годишно само за одржување на јахтите и авионите троши по две милијарди долари годишно.

Дисиденти има и Кина. Во 2011 година суд во југозападна Кина донесе скандалозна одлука со која го осуди дисидентот Чен Веи на деветгодишна затворска казна за објавување на продемократски есеи на интернет. Зенг Јианвеи, адвокат на Чен, изјави дека судот во Суининг го осудил дисидентот и активист за човекови права поради „поттикнување на уривањето на државната моќ“. Иако есеите биле објавени надвор од Кина, судот смета дека тие имаат големо малигно влијание во Кина, иако мнозинството Кинези не можат ниту да ги прочитаат, реагираше сопругата на Чен Веи, Ванг Ксиаојан.

Во декември 2009 година во Кина, на 11 години завторска казна беше осуден еден од најпознатите дисиденти, 54-годинишниот Лиу Ксиаобо, поради тоа што повикувал на политички реформи во Кина, вклучувајќи ги и слободите на здружување и на изразување.

Тој во 2010 година ја доби Нобеловата награда за мир за неговата долга и ненасилна борба за основните човековите права во Кина.

Ксиаобо почина во јули 2017 година во болница во Кина, додека ја издржуваше 11 годишната затворска казна за „субверзија“.

Аи Вејвеј, исто така, е познат кинески уметник и дисидент. Тој живее и работи во Берлин. Проектот што го вивна кон небото на славата беше инсталацијата од 100 милиони рачно направени порцелански сончогледови семки – сликовита, интерактивна и атрактивна метафора на светскиот капитализам (2010). Веќе следната година беше притворен од полицијата во траење од 81 ден, наводно, поради сомнение за затајување данок. Многу е поверојатно дека неговите проекти, кои често претставуваа отворена критика за кинеската влада и нејзините политики, направија од него цел за закани од страна на властите.

Аи Вејвеј беше уапсен во април 2011 година на аеродромот во Пекинг. Тој сакал да лета за Тајван преку Хонгконг, каде работел на изложба. Неговото ателје во Пекинг било претресено, а повеќе негови соработници сослушани. Причината за апсењето и претресувањето беше целосно непозната. Еден од поблиските пријатели на Вејвеј изјави дека уметникот и порано имал конфликт со властите. Меѓутоа, овојпат изгледа се работи за сериозна акција против него, рече неговиот близок пријател.

Во јуни 2019 година, Аи Вејвеј го посети основачот на Викиликс Џулијан Асанж во затворската болница и порача дека неговата здравствена состојба „е влошена“, повикувајќи ја Велика Британија и другите европски земји да го спречат неговото предавање на САД.

Ова се само некои од руските и кинески дисиденти кои во јавноста се доста познати, а има и голем број од нив кои не се толку познати, но не значи дека ги нема, како што сугерира Апасиев. Очигледно е дека лидерот на Левица спинува во корист на Русија и Кина, безмалку претставувајќи ги како небаре демократски земји на ниво на Соединетите Американски Држави од гледна точка на степенот на демократија, притоа манипулирајќи со една единствена карактеристика на современите дисиденти, нивната популарност кај светската јавност, претставувајќи ја како пресудна за опстанокот на САД, на нејзината демократија и либерализмот воопшто, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ