• Latest
Фото: Michael Kretzschmar / Pixabay

Вистиномер: Топ пет дезинформации за ПЦР тестовите во 2021 година

January 6, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Топ пет дезинформации за ПЦР тестовите во 2021 година

January 6, 2022 19:08
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Фото: Michael Kretzschmar / Pixabay

Фото: Michael Kretzschmar / Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Во 2021 година која изобилуваше со лажни вести поврзани со ковид-19, освен за самиот вирус и за вакцините, многу дезинформации се ширеа и за тестовите со кои се детектира коронавирусот. Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе.

Затоа уште на самиот почеток на пандемијата СЗО апелираше на масовно тестирање и навремено изолирање на заболените. Во продолжение прочитајте ги петте најголеми дезинформации за тестовите кои го откриваат коронавирусот, пишува „Вистиномер“.

Ретроспективата ја пренесуваме во целост подолу:

ПЦР тестот ќе ве зарази со вирусот

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

ПЦР тестовите коишто се прават за да се детектира дали некоја личност е заразена со коронавирусот, не ги заразува со вирусот оние што се тестираат. Ова е теорија на заговор којашто подолго време се споделува и притоа ја заплашува јавноста. ПЦР тестот, кој се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од Светската здравствена организација (СЗО).

Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега. Потоа овој примерок под посебни услови се праќа на испитување во лабораторија.

Овие тестови се безбедни и во никој случај не можат да ви наштетат, ниту да ве заразат со вирусот доколку не сте веќе заразени, а се најверодостоен начин да се дознае дали некој е моментално заболен.

Со тестовите се повредува мозочната бариера и се краде ДНК

Фото: Adam Nieścioruk on Unsplash

Едно од најраширените тврдења за тестовите, чија цел е да ја уплаши и натера јавноста да не се тестира, е дека со тестовите се повредува мозочната бариера и дека со нив се краде ДНК!

Ова не е точно. Според ваквата теорија, стапчето за брис кое се вметнува во носот, треба да пробие низ повеќе слоеви ткиво и да пробие низ коската и во крвните садови за да стигне до крвно-мозочната бариера. Меѓутоа, вакво нештоа не се случува за време на тестирањето. При земањето брис, стапчето оди во пределот каде се спојуваат носот и грлото, т.е. во назофаринксот, а главната потешкотија е единствено неудобноста на пациентот.

Исто така, неточно е дека со брисот се краде ДНК. За ова тврдење не постојат никакви докази од медицинската заедница.

Со тестирањето се внесува чип

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Уште едно широко распространето тврдење е дека со ПЦР тестирањето се вградува микрочип.

Молекуларните тестови, односно ПЦР тестовите ги бараат знаците на активната инфекција, а примерокот што се користи за ова тестирање е брис, кој се зема подлабоко од грлото со стапче со памучен врв. На овој памучен врв нема ништо друго освен памук. Нема никакви докази дека тестот за коронавирус е креиран заговор за да се имплантираат микрочипови кај пациентите.

„Делумно“ нè вакцинираат преку земање брис 

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Фејсбук објави лажно тврдеа дека досега преку тестирањето за ковид-19, се вршела и делумна вакцинација на населението и тоа преку нано честички во мозокот на луѓето.

Вистината е дека тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се допира мозокот. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.

Tестовите се отровни и канцерогени

Фото: Testalize.me on Unsplash

ПЦР тестот е само обично пластично стапче со памук на врвот, со кое се собираат примероци од носот и грлото и потоа се обработуваат во лабораторија. Ниту содржи отрови, ниту е канцерогено, како што тврдат теоритичарите на заговори.

Оваа теорија потекнува од фактот што на некои од пакувањата на комплетите за тестирање пишува „стерилизирано во етилен оксид“, кој е канцероген. Но, иако е точно дека оваа хемикалијата се користи во гасовита форма за стерилизирање на тест брисевите, употребените количини се во рамките на безбедносните граници и се „ригорозно тестирани и се безбедни за редовна употреба“, пишува „Вистиномер“.

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ