– Не сакаме и не работиме за одвојување на Северна Македонија од Албанија на патот кон ЕУ. Работиме и силно се трудиме за двете земји што побрзо ги одржат првите меѓувладини конференции и тоа е една од причините за мојата посета, изјави претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија, прашан за одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, Мета рече дека за ова многу важно прашање за двете земји разговарал и со претседателот Стево Пендаровски. Имавме многу добро разбирање и ќе ги интензивираме нашите напори. Ќе бидеме трпеливи и ќе работиме поблиску и посилно.
-Недозволената трговија со оружје ги поддржува и поттикнува сериозните облици на организираниот криминал. Нелегалното оружје се пушта во незаконски промет на илегалниот пазар, а покрај активностите за прибавување материјална корист, нелегалното оружје се користи и како средство за уцена и заплашување при извршување на други кривични дела, со што, истото се појавува кај повеќе облици на организиран криминал, и е присутно кај организирани криминални групи кои користат насилство или се покриминални.
Врската на нелегалното оружје е посебно изразена со организираните облици на недозволената трговија со дрога, каде организираните структури оружјето го користат како средство за заштита и демонстрирање на моќ. Во 2021 година, сузбиена е десетчлена полукриминална организирана група, која првенствено се занимавала со недозволена трговија со дрога, при што, четворица членови од истата биле инволвирани и во вршење на недозволена трговија со оружје и муниција, изјави Заменик директор на Бирото за јавна безбедност, Ариф Асани во разговорот кој е дел од активностите на проектот на ЦИВИЛ „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд.
-Во врска со снабдувањето со топлинска енергија, не зборуваме дали компаниите може да испорачаат, зборуваме дали истите се ликвидни во моментот. Никој не зборува дали на крајот на годината овие компании ќе излезат во загуба, регулираната цена од Регулаторната комисија за енергетика, секако дека има одредена маржа на добивка. Во овој момент единствено дискутираме дали овие компании се ликвидни или не, за да обезбедат доволно енергенси, за да испорачаат топлинска енергија кон граѓаните. Во однос на нивните барања, ние реагиравме брзо, креиравме нова кредитна линија преку Развојната банка на Северна Македонија, на компаниите е да ги обезбедат соодветните гаранции за да може да ги користат средствата од кредитната линија. Не можевме да направиме исклучоци и да обезбедиме директна финансиска поддршка на овие компании, тоа не е во согласност со владеењето на правото и да обезбедуваме финансиска поддршка само за една приватна компанија. Владата е тука да создаде услови да се обезбедат јавни услуги за секој еден граѓанин, без разлика дали станува збор за услуги од централно или локално ниво или од приватни компании, изјави заменик претседателот на Владата Фатмир Битиќи на денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“
-Треба нормално да си функционира, да постои систем на вредности да го избираат најдобриот квалитет, а не да бидат тоа нивни блиски лица, без разлика дали се роднински или партиски. Треба да се обезбеди начин на избор на луѓе кои што ќе бидат најдобри за таа позиција. Прав човек на право место, оти луѓето го градат општествот.Ако некој функционер се откаже од своите привилегии, се откаже од злоупотребата на државните средства или пак од вработувањето на неговите блиски лица, туку во својот кабинет стави луѓе кои што го заслужуваат тоа место и ќе придонесат со своето стручно и професионално знаење таа институција да тргне напред, мислам дека тогаш ќе има некаква надеж, порача претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во своето гостување на ТВ Телма.












