• Latest

Асани: Предизвиците за справување со шверцот со оружје се приоритет на Бирото за јавна безбедност

January 11, 2022

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Асани: Предизвиците за справување со шверцот со оружје се приоритет на Бирото за јавна безбедност

January 11, 2022 17:22
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик директор на Бирото за јавна безбедност, Ариф Асани, зборува за тоа која е врската меѓу нелегалната трговија со оружје со организираниот криминал во земјата и регионот и кои се успесите и предизвиците на МВР во однос на оваа тема. Разговорот со заменик директор на БЈБ, Асани, е дел од активностите на проектот на ЦИВИЛ „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд.

„Недозволената трговија со оружје ги поддржува и поттикнува сериозните облици на организираниот криминал. Нелегалното оружје се пушта во незаконски промет на илегалниот пазар, а покрај активностите за прибавување материјална корист, нелегалното оружје се користи и како средство за уцена и заплашување при извршување на други кривични дела, со што, истото се појавува кај повеќе облици на организиран криминал, и е присутно кај организирани криминални групи кои користат насилство или се покриминални.

Врската на нелегалното оружје е посебно изразена со организираните облици на недозволената трговија со дрога, каде организираните структури оружјето го користат како средство за заштита и демонстрирање на моќ.

Во 2021 година, сузбиена е десетчлена полукриминална организирана група, која првенствено се занимавала со недозволена трговија со дрога, при што, четворица членови од истата биле инволвирани и во вршење на недозволена трговија со оружје и муниција.

Во делот на организираните облици на недозволената трговија со оружје, во 2019 година, сузбиена е организирана криминална група која се занимавала со недозволена трговија на оружје и муниција, при што, во рамки на истата, откриена е и работилница за конвертирање пиштоли за звучна и светлосна сигнализација.

Предизвиците за справување со недозволената трговија со оружје, се издигнати на ниво на приоритет на Бирото за јавна безбедност, за што насочено се преземаат мерки и активности кои се поврзани со превенцијата и справувањето со криминалот од овој домен.

Заканите од недозволената трговија со оружје се анализираат и како посебна СОК област во рамки на новата Проценка на закани од организиран и сериозен криминал – СОКТА 2021 година.

Во оваа насока, ве информираме дека предметниот документ треба да биде финализиран до крајот на годината, по што истиот ќе биде јавно објавен и достапен на веб страната на МВР“, истакна Асани.

Дехран Муратов
фотографија: МВР

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ