• Latest

Хјуман рајтс воч го критикуваше Бајден и другите лидери дека слабо ја бранат демократијата

January 13, 2022

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хјуман рајтс воч го критикуваше Бајден и другите лидери дека слабо ја бранат демократијата

January 13, 2022 10:02
in ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Хјуман рајтс воч денеска го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери поради слаба одбрана на демократијата и неуспех да се справат со климатската криза, пандемијата на Ковид-19, сиромаштијата, нееднаквоста и расните неправди, објави новинската агенција Ројтерс.

За разлика од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кого извршниот директор за човекови права Кенет Рот го опиша како „пријателски автократ“, Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година со ветување дека човековите права ќе ги стави во центарот на неговата надворешна политика.

– Но, тој продолжи да им продава оружје на Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Израел и покрај нивната постојана репресија, напиша Рот во годишниот светски извештај на Хјуман Рајтс Воч објавен денеска.

– Другите западни лидери покажаа слична слабост во одбраната на демократијата, напиша Рот именувајќи ги францускиот претседател Емануел Макрон и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

Рот, исто така, рече дека за време на клучните самити „Бајден се чинеше дека го изгубил гласот кога станува збор за јавно осудување на сериозните кршења на човековите права“.

– Стејт департментот на САД објавуваше повремени протести против репресијата во одредени земји, а во екстремни случаи администрацијата на Бајден воведе санкции за некои одговорни функционери, но влијателниот глас на претседателот често отсуствуваше, напиша тој.

Американски функционери ја бранеа администрацијата на Бајден, велејќи дека дипломатите честопати искажувале загриженост за човековите права кај странските лидери, вклучително и тешките разговори со противниците како што се Кина и Русија.

– Ако демократиите сакаат да надвладеат во глобалната конкуренција со автократијата, нивните лидери мора да сторат повеќе отколку да укажат на неизбежните недостатоци на автократите. Тие мора да дадат посилен, позитивен аргумент за демократско владеење, истакна Рот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ