• Latest
Војо Маневски

Дочекување

January 17, 2022

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026
Војо Маневски

Лошо скроената облека сами си ја сошивме

April 22, 2026

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026

Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

April 22, 2026

Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

April 22, 2026

Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

April 22, 2026
Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026
Гордана Дувњак (1965–2026)

Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

April 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дочекување

Долговите на локалните самоуправи не се само нивна вина. Контролни механизми врз парите има надлежното министерство, кое ги користи во зависност од тоа за што ѝ е потребно да ја користи општината и во зависност од политичкиот момент

January 17, 2022 06:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Ја дочекавме Новата година, со интересна нумерологија, која нема да се повтори во овој век, ги дочекавме и верските празници и еве нѐ сега со реалноста во која живееме и со сето она што го очекуваме и ќе го дочекуваме. Пандемијата и не ја дочекувавме, таа сама си продолжи со гостувањето и уште некое време ќе ни ја крои судбината. Додуша и покрај сите нејзини напори, не ни ги смени многу навиките и афинитетите. Си прославивме, како таа да е заминала, па сега ги полниме амбулантите. Такви сме и тешко дека нешто во себе крупно ќе смениме.

Сагата со Бугарија ќе ја пречекаме изгледа со ново руво и со стариот долен веш. Моите штипјани секогаш имаат мудри анализи за овој спор. Еден мој чест сопатник при кафе разговорите, често придружувани со домашна, има интересно објаснување за недоразбирањето со братовчедите.

„Со Бугарите ти е како на почетокот на секој брак. Маглата на емоциите ни ја замаглува сликата на состојбите и она што може да се очекува. Мажот ја гледа жената и очекува таа да му остане иста и да не се менува. Но таа по неколку месеци почнува да се менува и се менува долго по медениот месец. Жената уште од почетокот длабоко се надева дека ќе го смени мажот и ќе го прилагоди на своите сонови од моминските денови. Тој само на почетокот покажува намера да се менува, но за неколку години тој се враќа кон неговиот свет и не се менува многу. Во тој судир останува да се толерираат сопружниците и да балансираат меѓу својот свет и реалноста на бракот“.

Кој во бракот со Бугарија е на женската, а кој на машката страна допрва ќе видиме, а можеби според европските стандарди на новата полност, еднаш ќе бидеме едно, а друг пат другото. Така е со новите правила на Европа, не може цело време да си само машко, мора малку и да си женско. Заради искуството во толеранцијата на патот кон потполна европеизација. Моиве новоселци велат „со деца на бања Кежовица не се оди, може да ти го изедат сапунот“.

Дочекавме и нова рамнотежа во политичката моќ во државата. По изборите, едните се на власт на локално ниво, а другите се власт на централно ниво. И на едната и на другата страна состојбата е коалициска и комплицирана.

Зад ова има некој однапред смислен систем, кој треба да донесе некакви зададени резултати е мислење на мнозина, од оние кои ги познаваат вистинските придвижувачи на процесите. Во оваа прва колумна од новата година јас скромно ќе ги претставам фактите од мото ќоше на гледање. Да се добијат изборите е само првиот чекор, исто како кога ќе се јавне убав коњ -липицанер. Седнувањето на неговите широки плеќи е чувство на моќ, но тогаш се бара најважната способност, да се јава моќното суштество. Сликањето во поза на владетел трае само додека се наслика сликата. Нејзиното постојано покажување на публиката нема да помогне во јавањето. Коњот трча и во кас и во галоп.

Без пари нема реализација на програмите, тоа е едноставен заклучок ако се гледаат новите буџети на општините во „мојот“ Источен регион. Сите се со проблеми. Неколку мали општини што имаат редовни приходи од концесиите од минерално богатство малку се порелаксирани. Другите се на работ на давење во долгови. Дополнителниот скок на цената на струјата ги става пред големи искушенија. Во ставките за функционирање на локалните самоуправи во новите буџети нема такви износи од кои ќе може да се плаќаат неколкукратно поголемите сметки за енергија.

За да се најдат резерви треба да се крати од некаде. Од делот за плати не може, зошто тие се гарантирани со колективни договори, а и не е политички корисно. Во сите буџети делот за плати е некаде од 20%, па до 30% од основниот буџет. Обврските по доспеаните фактури се дополнителен товар кој се влече скоро деценија. Некаде јавните претпријатија немаат големи долгови, но и немаат некоја посебно развиена палета на комунални услуги. Горе – доле, се само  за спастрување на партиските заслужни членови. Најголемата општина Штип, има две јавни претпријатија од кои едното има долгови од вртоглави 280 милиони денари. Структурата на вработените и нејзината систематизација е дополнителен товар за новите раководства. Како лиснато тесто изгледа структурата. Едни вработени од оваа партија, други од другата, едни од оваа партиска гарнитура на една партија, други од друго раководство на истата партија. Навистина оптимизацијата на нивното работење е тешка мисија. А граѓаните очекуваат резултати. Гласавме за вас велат тие.

За да се опстане ќе мора да се крати од инвестицискиот дел на буџетот на градот. Ако се крати таму, тоа ќе значи слаба реализација на проектите кои се ветени на изборите. Овде кругот станува магичен. Да се добијат следните избори треба да се покажат резултати, а за нив се потребни средства. А средства можат да се бараат само од централната власт. Таа е на спротивната политичка опција. Најлесно решение е „плати уши земај плата“.

Позицијата не може да направи резултати само со надворешна политика или со постојано најавувани реформи на централната администрација, мора граѓаните да го почувствуваат подобрувањето во својот секојдневен живот. За да се постигне тоа, мора да се реализираат проектите од локално ниво. За тоа се потребни средства кои треба да се препуштат на локално ниво, а овде кругот на спротивни интереси се затвора.

До оваа состојба е дојдено како резултат на политичкото делување во целиот период на независност. Моќта е на централно ниво, а локалците само се обидуваат да се сместат во распоредот на силите, кои во тој момент владеат, без разлика која партија е на власт на централно ниво. Долговите на локалните самоуправи не се само нивна вина. Контролни механизми врз парите има надлежното министерство, кое ги користи во зависност од тоа за што ѝ е потребно да ја користи општината и во зависност од политичкиот момент. Системот дозволува одговорниот избран функционер да си замине без да сноси одговорност за погрешните проценки во трошењето на парите на граѓаните. Процесот на фискална децентрализација изгледа како пругата кон Бугарија. Направи еден дел, па остави го да пропаѓа, па после повторно нешто догради, колку да се рече дека нешто се работи на неа. Процесите се движење кон целта, а не се одморалишта покрај патот. А локалните самоуправи дотогаш можат само да чекаат и да дочекуваат.

Минатата Влада донесе измени во финансирањето на локалните самоуправи со зголемување на процентот од ДДВ и персоналниот данок. Зголемувањето е скоро 30% од сегашниот дел, кој се уплатува во буџетите на општините. Новиот мандатар има и нови предлози за тоа како тоа ќе се изведе. Ќе се поделуваат средствата во два дела. Едниот ќе зависи од степенот на прибирање на средства кои се во надлежност на општините. Успешните општини, кои ќе успеат повеќе да си ги соберат своите средства ќе добијат и поголема помош. Тоа е менаџерска постапка за стимулација на работата на општините. Ова е потребно поради големата разлика на работата на администрацијата на локалните самоуправи. Има општини што малку или никако не се трудат да си ги приберат со закон одредените средства. Сум бил сведок на изјави од типот „не можам јас да собирам данок од моите сограѓани што ме гласаат“.

Сепак и оваа мерка мора да има уште некој инструменти за општините кои долго се на работ од неликвидност. Се најавува затоа формирање на фонд за санација во кој ќе се слеваат средства од зголемениот процент од даноците што е предвиден за локалните самоуправи. Засега нема јасни показатели за критериумите според кој ќе се делат средствата од тој фонд. Па нели рековме дека оваа година ќе биде за чекање и дочекување.

Не знам колку јасно ја преставувам актуелната поделба на власта во државава, но за нас граѓаните е поинтересна поделбата на одговорноста пред нас. Да не прифаќаме постојано префрлување на одговорноста од едни на други, туку да бараме нивна нужна соработка и резултати.

Сето ова ми заличува на барањето на паричката во овие денови на празници. Едни ја бараат во лепчето на Божиќ, други во погачата на Василица. Забораваат дека и Св. Никола и Св. Василије во лепчето ставале парички за да ги најдат верниците, инаку и лепчето и погачата се обични испечени теста. А паричката некому може да му се падне но и да му испадне некому од раце. Тоа велат било лош знак.

Излезот за граѓаните изгледа е во мудроста „да не чекаме ако сакаме да дочекаме“.

Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ