• Latest

Контраспин: Ковачевски нема врска со поскапувањето на цените на струјата, парното и метанот

January 17, 2022

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Ковачевски нема врска со поскапувањето на цените на струјата, парното и метанот

January 17, 2022 10:05
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ковачевски како лидер на партија не може да биде дел од одлуки за поскапувања во енергетиката, а зголемувањето на цените на струјата и гасот не се ниту своеволна желба на Владата. Ваквите одлуки ги носи Регулаторната комисија за енергетика, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 04 јануари 2022 година објави соопштение преку кое искажа спин дека лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, им го загорчил животот на граѓаните со поскапувањата.

СПИН: Народот го боли глава од Ковачевски, пиунот на Заев и продолжувачот на заевизмот. Заевизмот и пиунот Ковачевски им го загорчија животот на граѓаните со поскапувањата кои ги испорачаа како новогодишна честитка. Стандардот на граѓаните е на удар поради поскапувањето на електричната енергија за над 15%, ако се земе предвид дека покрај основното поскапување од 9,5% укината е и евтината дневна тарифа. Дополнително за граѓаните на Скопје поскапи парното греење за 14,05%. Ова значи дека близу 60 илјади домаќинства ќе бидат на удар и дополнително осиромашени. Капак на се е поскапувањето на ЦНГ метанот за неверојатни 120%, гориво кое патем се користи и од страна на ЈСП при што, директно ќе биде погоден буџетот на град Скопје, се вели меѓудругото во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

(Извор:Курир, датум:04.01.2022)

КОНТРАСПИН: Тврдењето дека „народот го боли глава од Ковачевски“ и дека „Ковачевски им го загорчил животот на граѓаните со поскапувањата кои ги испорачал како новогодишна честитка“ се несериозни од причина што, прво, Ковачевски нема никаква врска со одлуките за поскапувањата и второ, поскапувањата на струјата и гасот се диктирани од цените на овие енергенси на светските берзи.

 

Точно е дека Ковачевски е мандатар за состав на Влада, но тој сè уште не е премиер на Владата за да има било каков удел во овие одлуки. Тој, како лидер на партија, не може да носи одлуки за било какви поскапувања.

Одлуката за поскапување на струјата за 9,8 отсто и на парното за 14 отсто ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и таа е резултат на трендот на вртоглаво зголемување на цените на струјата и на гасот на светските берзи. Енергетска криза има во цела Европа, не само во Сверна Македонија. Цената на струјата во цела Европа во ноември надмина 200 евра за мегават час. Цената на гасот, како што посочија од РКЕ, на светските берзи бележи раст од 50 отсто, а учествува со 70 отсто во одлуката на крајната цена на парното.

Претседателот на регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски, рече дека поскапувањето на струјата требало да биде многу поголемо, но поради одлуката на Владата да им помогне со економски мерки на енергетските компании, поскапувањето за бизнисот и домаќинствата ќе биде помало.

Ова е една од најтешките одлуки што ги донела РКЕ од своето постоење. Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, околу 25 проценти, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период, изјави Бислимовски.

Цената на парното греење во Скопје се зголеми за 14 отсто за сите корисници во градот, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Како што нагласи Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас на светскиот пазар, која минатата година просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар.

Годинава, пак, на БЕГ производство му е понудена драстично повисока цена од 1.480 долари.

Што се однесува до поскапувањето на ЦНГ (компримиран природен гас кој над 93 отсто е метан, CNG – compressed natural gas/анг.) за 120%, тоа, исто така, се должи на поскапувањата на цените на светските пазари. Новата цена на метанот на светските берзи порасна на 110 денари за килограм. Цената на метанот на 31.12.2021 година беше 50 денари за килограм.

Бислимовски, објасни дека тие немаат никаква надлежност во однос на замрзнување на цените на продуктите, како што е метанот, односно ЦНГ.

Таа дејност се смета како целосно пазарна дејност и затоа при носењето на законот добивме поддршка и од Секретаријатот на енергетската заедница. ЦНГ-то претставува компримиран природен гас, за којшто ние, согласно законот за енергетика, не определуваме набавни цени – рече Бислимовски.

Оттука тврдењето дека Ковачевски предзивикал главоболки кај народот со редицата поскапувања е класичен спин и манипулација на јавноста. Ковачевски како лидер на партија не може да биде дел од никакви одлуки за поскапувања, а зголемувањето на цените на струјата и гасот не се ниту своеволна желба на Владата. Ваквите одлуки ги носи Регулаторната комисија за енергетика. Владата, како што посочи Бислимовски, го ублажи поскапувањето на цената на струјата со одлуката да им помогне со економски мерки на енергетските компании. Одлуките за поскапувањата се резултат на вртоглавото зголемување на цените на електричната енергија и на гасот на светските берзи, пишува „Вистиномер“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ