• Latest

Ковачевски – Петков: Бугарија целосно го поддржува самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија

January 18, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски – Петков: Бугарија целосно го поддржува самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија

January 18, 2022 13:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, на денешната заедничка прес-конференција во Владата соопштија дека Бугарија прифатила да го користи скратеното име Северна Македонија, подеднакво како и долгото име Република Северна Македонија и нема да ја кочи употребата на тоа име во меѓународни процеси, за што ги известила и Обединетите нации. Северна Македонија пак со вербална нота до ОН потврди дека користењето на краткото име нема никаква импликација врз територијалниот интегритет на Бугарија.

-Денеска со премирот Петков се договоривме дека Бугарија прифаќа да го користи краткото име Северна Македонија, подеднакво како и долгото име Република Северна Македонија. Тоа значи дека Бугарија нема веќе да ја кочи употребата на краткото име. во ниту еден меѓународен и билатерален процес и за тоа ги извести Обединетите Нации. Истовремено Северна Македонија преку министерството за надворешни работи, исто така испрати вербална нота до ОН, во врска со употребата на нашето долго и кратко име, во која изрично се потврдува дека и двете имиња се еднакво валидни и се потврдува отсуството на било каква импликација врз територијалниот интегритет на Бугарија“, истакна Ковачевски.

– Отстранувањето на прашањето за краткото име Северна Македонија од масата на разговори преку ваков усогласен и пријателски однос со двете страни за мене претставува прв голем чекор во ова наше ново поглавје. Ваквите чекори влеваат оптимизам за иднината. Ваквите чекори водат кон посилно поврзување и кон поголема соработка помеѓу двете држави и помеѓу двата народи, изјави премиерот Ковачевски.

– И јас и тој имаме иста заедничка цел да создадеме услови за подобра иднина на граѓаните на Република Северна Македонија и Бугарија. Оваа денешна посета на колегата Петков коинцидира со 30-годишнината од признавањето на Република Бугарија на нашата земја под уставното име. Бугарија е прва која не призна и направи пријателски чин во исклучително сложени политички услови. Триесет години подоцна отвораме еден нов прозорец на соработка кој веруваме дека ќе резултира со нов пријателски и добрососедски чин, поддршка за нашата евроинтеграција, рече Ковачевски.

– Северна Македонија и Бугарија се две блиски соседни држави, а Македонсците и Бугарите се два блиски и пријателски народи. Затоа денес како двајца премиери на многу блиски држави се согласивме дека влегуваме во интензивна динамика на решавање на отворените прашања со цел побрзо обезбедување на нова иднина, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција.

Ковачевски најави дека следно што треба да се направи е да се финализира договорот за прекугранична соработка за периодот 2022 – 2029 година и оти најзначаен проект од оваа област е отворањето на граничниот премин Клепало со што ќе се олеснат движењата, транспортот и трговијата. Тој најави и дека за една недела на 25 јануари ќе биде одржана седница на двете влади на која ќе бидат договорени и други конкретни чекори за унапредување на соработката во различни области и сектори.

– Ќе се формираат работни групи коишто ќе работат на конкретни проекти на зајакнување на соработката и на воспоставување на поголема доверба и на градење на односи коишто ќе значат попросперитетна иднина. Овие групи ќе работат заедно и ќе предложат заеднички проекти и активности, рече Ковачевски.

Бугарскиот премиер од своја страна, изјави дека денеска со Ковачевски имале добар и пријателски разговор и оти се согласни добрососедството на двете земји да се качи на уште повисоко ниво.

– Многу сум среќен што можам да кажам дека оттука натаму добрососедството ќе се мери со реални постигнати цели и резултати. Јас многу се радувам за напредокот што беше постигнат денеска и што можам мирно да кажам Северна Македонија, рече Петков.

Тој најави дека за два месеци реалност ќе биде и авиолинијата Скопје-Софија, како уште еден чекор напред во унапредување на соработката.

– Денеска јасно изјавуваме дека линијата Софија – Скопје ќе биде реалност. За она за што се ангажираме е дека за 30 дена ќе имаме точни специфики, а за 60 дена таа линија ќе биде воведена во функција. Така што, кога ќе почнеме да работиме со точни резултати и кога ќе даваме можност на народите од двете земји да можат слободно да патуваат, слободно да прават бизнис, рече Петков.

Тој нагласи дека со неговиот колега Ковачевски се согласни и натаму да продолжи брзината со која се движат работите со цел постојано унапредување на односите и добрососедството.

Дека тоа така ќе продолжи, потенцира Петков, говори и фактот што наскоро, веќе на 25 јануари ќе се одржи и седница на двете влади, а најави дека потоа секоја седмица една од групите ќе се состанува со јасни цели и јасни резултати. На тој начин, вели Петков, ќе им покажеме на двата народа од двете земји дека добрососедството се мери практично, а не само на ниво на политички изјави.

– Во договорот за добрососедство има многу јасна дефиниција за јазикот и во тој правец апсолутно го поддржуваме самоопределувањето на сите граѓани во С Македонија како и употребата на сите јазици како што се опишани во Уставот. Имаме полно разбирање за тоа и ќе продолжиме да ги третираме сите прашања во тој конструктивен дух, рече бугарскиот премиер Петков  во одговор на новинарско на денешната прес конференција со неговиот македонски колега Ковачевски.

Одговарајќи на прашањето дали се прифатливи одговорите на македонската страна за 5+1 барањата на Бугарија, Петков рече дека е голем оптимист и верува дека ќе ги видиме резултатите што ќе доаѓаат секоја недела,

Петков не ги прокоментира директно одговорите, но на прес-конференцијата со премиерот Ковачевски порача дека следува нов дијалог и оти работните групи што ќе се формираат ќе стават акцент на специфичните прашања.

Д.М

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ