Во Основниот граѓански суд во Скопје денеска се собраа Јордан Камчев, Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески-Кичеец каде се одржува граѓанската парница покрената од Камчев, пренесува ТВ21.
Јанева, Јовановски, но и Кичеец, Владата, СЈО и Републичкото јавно обвинителство, се тужени од страна на бизнисменот Камчев.
Нејасно е зошто во граѓанската постапка, тужени се и Специјалното јавно обвинителство, кое повеќе не постои.
На судењето, од затворот „Идризово”, не беа спроведени Катица Јанева и Бојан Јовановски кои се тужени, а нив ги застапуваат адвокатите Лазар Јанев и Сашо Дуковски.
Ни Камчев не се појавил на денешната расправа, но го застапува адвокатот Александар Михајловски, додека пак адвокатот и син на Јанева, Лазар Јанев на почетокот побарал од судијата Андреј Димовски да одобри спровод на Јанева од затворот Идризово затоа што таа сакала да присуствува на расправиите, а истиот се понудил и да го плати.
Расправата е одложена за 14 февруари, поради тоа што одговорот на тужбата странките не го ископирале во доволен број примероци и не го размениле меѓу себе.