• Latest
Петрит Сарачини

Војната во Украина и специјалната војна во македонското општество

January 24, 2022
Александар Вучиќ (фото извор: Wikimedia Commons)

Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

September 6, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Десетици убиени и ранети во континуираното израелско бомбардирање утрово

September 6, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Повеќе од 7.000 деца под петгодишна возраст во Газа се опоравуваат од неухранетост во период од две две недели

September 6, 2025

Хрватска ќе стане дел од Коалицијата за дронови за поддршка на Украина

September 6, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски ја отфрла идејата на Путин за средба во Москва: „Може да дојде во Кијив“

September 6, 2025

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

September 6, 2025
Артилериска стрелба
Извор- официјална ФБ страница на АРМ

АРМ ќе изврши пробна почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември- Денот на независноста

September 6, 2025
Фото: ВИ

Национализам на „реприза“: Секој изборен циклус – иста матрица на страв и поделби

September 6, 2025

Дир: Од почетокот на септември рф употреби над 1300 дронови, околу 900 наведувани авионски бомби и 50 ракети врз Украина

September 6, 2025

Албанскиот политички блок пред локалните избори 2025: Поделби, наративи и нови сојузи

September 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Војната во Украина и специјалната војна во македонското општество

Прозападните сили во македонската јавност и општество делуваат хаотично и дезорганизирано. Дел од оние кои со години беа адвокати на придобивките на нашето чекорење кон евроатлантските дури и делуваат уплашено и замолчено под налетот на напалениот антизападен онлајн - башибозук

January 24, 2022 21:09
in ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Не знам дали сте забележале, драги мои, дека во оној дел од медиумите во земјава кои долги години добиваат поддршка од Западот преку разни државни и невладини американски и европски фондови, во последно време често може да се прочитаат проруски ставови во контекст на развојот на настаните во Украина.

Да не зборуваме за просторот за коментари на социјалните мрежи на овие медиуми, кои со години опстануваат благодарејќи и на поддршката од Западот и неговите фондови. Во последниов период, и тие простори се под жесток удар на руската пропаганда и нејзините бот-структури на коментатори, кои употребуваат страшен говор на омраза кон секој што изразува прозападни и про-НАТО ставови или ставови во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

И, тој говор на омраза не се адресира никако, ниту се модерира, ниту се отстранува кај овие медиуми.  Без оглед дали се работи за ставови изречени од функционери на нашите институции, кои сега претставуваат една земја – членка на НАТО, или обични читатели, кои го изразуваат своето мислење, па биваат напаѓани во глутница од анти-НАТО и проруски коментатори.

За разлика од тоа, медиумите, порталите и страниците на социјалните мрежи што се со јасна антизападна и анти-НАТО ориентација, далеку повеќе ги контролираат нивните медиумски простори, сервирајќи исклучиво аргументи на едната, руската страна од приказната што се развива во Украина.

А како што таа приказна добива сѐ позагрижувачки димензии, такви димензии добива и ‘специјалната војна’, или хибридната војна (наречете ја како сакате) против НАТО во нашата земја, која се разгоре во интернет просторот особено за време на Преспанскиот договор и референдумот во 2018 година, и која исто така влегува во своја радикална фаза.

За оваа фаза, очигледно далеку поподготвени се антизападните сили и проруската пропаганда, која успева во овие 3-4 години да ја добие оваа битка, пред сè, благодарејќи на конзистентно спроведување на стратегијата, која очигледно не е смислена кај нас, туку во безбедносни и агитпроп кругови блиски до Кремљ или под негова контрола.

Наспроти тоа, прозападните сили во јавноста делуваат хаотично и дезорганизирано. Дел од оние кои со години беа адвокати на придобивките на нашето чекорење кон евроатлантските дури и делуваат уплашено и замолчено под налетот на напалениот антизападен онлајн – башибозук.

А како и да не се плашат и не молчат, кога ова сајбер-насилство и омраза не се адресира од оние што најмногу треба да се борат со него – надлежните институции во земјава, кои треба да ги гонат оние што шират ваков говор на омраза, кој е кривично дело според неколку членови од Кривичниот законик.

Доколку ситуацијата во Украина ескалира, немојте да се чудите ако онлајн насилството од интернет просторот се прелее и во реалниот, физички простор во македонското општество. 1999 година не е толку далеку, ги паметиме добро сцените на напади врз НАТО војската, палењето на американската амбасада, протестите…Молкот и немањето одговор на сајбер-насилството во виртуелниот интернет простор кај нас денес, е отворена покана за такво прелевање на насилството во реалниот свет утре.

Младиќот да каже, да не биде дека не било кажано!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ