• Latest

Вистиномер: Мали чекори кон големи промени за децата со попреченост во македонското образование

January 27, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Вистиномер: Мали чекори кон големи промени за децата со попреченост во македонското образование

January 27, 2022 16:05
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Образовната инклузија е процес што трае повеќе од две децении, којшто се оддолжува не само поради лошите закони, туку и поради ниската јавна свест во општеството, пишува „Вистиномер“.

Четириесет ученици со попреченост од Полошко од оваа учебна година имаат образовни асистенти кои обезбедуваат поддршка во учењето, во рамки на училиштата каде што следат настава.

Овој вид поддршка е пропишан со Законот за основно образование од август 2019 година, во делот на обезбедување на квалитетно образование за сите, а од оваа година и конечно се имплементира во практика, за да се подобри инклузивниот процес на оваа категорија деца.

Не секое училиште нашло време и начин за да обезбеди пристапност за децата со попреченост. Фото: Вистиномер

За разлика од претходниот модел на образовна асистенција кој беше финансиран преку проект на УНДП и кој беше фокусиран исклучиво на ученикот со посебни потреби, овој модел предвидува директна поддршка и на детето и на наставникот, како и на стручните служби во училиштата кои соработуваат и комуницираат со родителите.

Иако веќе сме ја потпишале и ратификувале Меѓународната конвенција за правата на лицата со попреченост на ООН, образовната инклузија е процес кој трае повеќе од две децении. Фото: Вистиномер

Дефектологот Милица Серафимовска е специјален едукатор и рехабилитатор во основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“ од Скопје, образовна институција која врши селекција избор и обука на образовните асистенти кои од оваа учебна година се под државна капа.

Работното време на образовниот асистент е осум часа, од кои шест часа за директна поддршка на ученикот и два часа за подготовка и организација на сопствената работа. Организација и реализацијата на работата на образовните задачи ја координираат стручните соработници од нашиот ресурсен центар кои се во постојан контакт со сите засегнати страни, наставниците, стручните служби и инклузивните тимови во училиштата. Претходно беа ангажирани образовни асистенти со мала финансиска надокнада, а имаа само еден ден обука. Сега очекуваме да се заокружи процесот на инклузивноста, односно сите деца со посебни потреби, да бидат дел од редовните паралелки, вели Серафимовска.

Законот предвидува посебните паралелки во склоп на основните училишта да преминат во центри за поддршка, од каде учениците кои се веќе опфатени во процесот на инклузија ќе добиваат поддршка од специјалните едукатори и рехабилитатори. Во овие паралелки, децата со попреченост ќе можат да се запишат уште наредната учебна година, а потоа следните генерации на ученици ќе бидат исклучиво дел од инклузивниот процес.

 

Озаконетата инклузивност пред повеќе од две децении, заглавила во менталната матрица

Од Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“- Скопје, велат дека е најден оптимален модел за оваа категорија ученици, но сепак на крај останува на поединецот како ќе испочитува законот.

Иако како земја веќе сме ја потпишале и ратификувале Меѓународната конвенција за правата на лицата со попреченост на ООН, образовната инклузија е процес кој трае повеќе од две децении, кој се оддолжува не поради лошите закони, туку поради ниската јавна свест во општеството, велат од „д-р Златан Сремец“.

Ние, како образовни институции сме само еден дел од сложувалката, која треба да направи функционална личност, која утре нема да биде на товар на системот, ќе биде корисна и ќе се чувствува корисна. Социјалната инклузија ниту почнува, ниту пак завршува со образованието. Таа започнува со раната интервенција преку образованието, па продолжува со вработувањето на лицата со попреченост, кои се уште се соочуваат со потешкотиите со пристапот на пазарот на трудот. Мора да расчистиме дека учениците со попреченост се присутни, дел се од нашето секојдневие и треба од нив да го извлечеме најдоброто, а за тоа треба да обезбедиме услови, вели Марија Делетиќ, директорка на ОУ со ресурсен центар „Златен Сремец“.

Според неа, во јавноста доста се критикува моделот на тотална инклузија и затоа е потребна информативна кампања, со цел подобро да се запознае истата и да се расчистат дилемите. Делетиќ вели дека не постои идеален модел, но дека треба да се стремиме кон постепено напуштање на моделот на образование кој стигматизира, „посебни паралелки“, „посебни училишта“ и да се прифати моделот кој практикува создавање на оптимални услови за развој на сите ученици, без оглед на попреченоста .

Како со инфраструктурни бариери до целосна инклузија?

И Серафимовска и Делетиќ се согласни дека локалната самоуправа и сите училишта треба пристапноста да ја постават како приоритет при планирањето на буџетот. Пристапноста не се состои само од изградба на пристапна рампа, туку и обезбедување лифт, адаптиран мебел, тоалети и слично. Делетиќ вели дека недостигот на пари за надминување на инфраструктурните бариери не смее да биде изговор, односно ако се има волја, ќе се најде и начин. Но, не секое училиште нашло време и начин за да обезбеди пристапност.

Не треба да се оди на момент да се адаптира тоалет за дете со посебни потреби, туку тој тоалет треба да одговара и на ученици со и без попреченост, вели дефектолот Серафимовска. Фото: Вистиномер

Серафимовска, пак, смета дека треба да се размислува да се оди кон универзален дизајн во самите училишта. Според неа, целиот концепт на инклузивно образование се заснова на неколку принципи, а тоа е педагогија фокусирана на ученикот и универзален дизајн на учење.

Не треба да се оди на момент да се адаптира тоалет за дете со посебни потреби, туку тој тоалет треба да одговара и на ученици со и без попреченост. Значи, секое дете треба да се вклучи во образованието, но му треба прилагодување. Треба да се избегне моментот на сегрегација. Ова е комплексен процес, ќе одиме чекор по чекор, а во образованието, зборувам за финансискиот дел, треба да инвестираат и компаниите, а со тоа да покажат општествена одговорност, вели Серафимовска.

Во најновиот извештај на Европската комисија за Македонија во поглавјето 26, во делот на образованието и културата, стои дека земјава треба да го подобри пристапот до квалитетно образование за сите, особено за децата со попреченост, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ