• Latest

Праведна транзиција – и народот има желудник! (втор дел)

January 28, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Праведна транзиција – и народот има желудник! (втор дел)

January 28, 2022 14:02
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СТЕВЧЕ ДЕЧЕВ 

Се уште неудавени во поплавата на зборови без дела на опозицијата и власта кои непрекинато триесет години продолжуваат да се плукаат и сеуште неизлезени од транзицијата не задесува нова. Овојпат тоа треба да е праведна транзиција и истата не треба да значи повторување на деведесеттите и концептот на загубарите. Ниту пак да даде трошка можност за таква авантура или трагедија.

Овој пат не смееме да дозволиме на политичарите држејќи се до зборот да го испуштат делото, а народот да го извлече подебелиот крај.

Праведната транзиција што веќе се случува во Европа не треба да ги оболи сите наши клетки зашто таа не ги допира само вработените во одредени фабрики, туку таа ги засега сите граѓани на различен начин.

Нема иднина за „бизнисот пред се” туку ни треба „ново нормално” за биодиверзитетот. Еколошките стандарди на една земја не смеат да го загрозуваат развојниот потенцијал на која било друга земја. Тие треба да поттикнуваат принципи на соработка и одржливо користење на ресурсите, да ја штитат животната средина и да придонесуваат во унапредувањето кон фер и просперитетно општество со модерна, ефикасна и конкурентна економија каде што во 2050 година нема да има емисии на стакленички гасови и каде економскиот раст ќе биде независен од употреба на ресурси.

Западен Балкан е еден од регионите во Европа кои се најпогодени од ефектите на климатските промени. Според истражувањата, температурите во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, С. Македонија и Албанија ќе се искачат во просек за 1,7 – 4,0° C и потенцијално и над 5,0° C до крајот на овој век.

Имајќи предвид дека земјите од Западен Балкан се кандидати, односно потенцијални кандидати за членство во Европската Унија, Европската комисија усвои посебен документ со зелена боја со кој се регулира идниот пат на земјите од овој регион, а се однесува на заштита на животната средина.

Концептот на „Праведна транзиција“ е воведен како сеопфатна рамка за водење на нашата трансформација кон еколошки општества, на начин кој е социјално правичен и рамноправен. Со развојот на овој концепт, работничките синдикати и движењата за климатските промени ја истакнуваат потребата за системска трансформација. „Праведната транзиција“ вклучува фундаментални промени, не само во клучните системи за производство и потрошувачка како што се енергијата, транспортот, земјоделството и храната, туку и во инфраструктурата, општествените вредности и политиката.

На 28 ноември 2019 година, Европскиот Парламент прогласи вонредна климатска состојба во Европа и глобално. Притоа, започнаа и активности за донесување на нови регулаторни и буџетски предлози, кои би биле во потполност усогласени со намерата за ограничување на глобалното затоплување на најмногу 1,5°С. ЕК го предложи Европскиот зелен договор на 11 декември 2019 година. Ова беше проследено со предлог-закон за клима во ЕУ на 4 март 2020 година, со цел да се обезбеди „климатски неутрална“ ЕУ до крајот на 2050 година.

Европската Унија со донесувањето на Европскиот Нов Договор ќе претрпи најголеми промени во политиката од своето основање, при што скоро секој главен аспект на економијата треба да се преиспита во однос на климата и еколошката вонредна состојба. Зелениот договор предвидува голем европски план за справување со климатските промени.

Во ноември 2020 г. лидерите на земјите од Западен Балкан ја потпишаа и Декларацијата за зелената агенда за Западен Балкан која има за цел да оствари јаглеродно неутрален континент до 2050 година, заедно со ЕУ, преку воведување во главните текови на строги климатски политики и преку преземање реформи на енергетскиот и транспортниот сектор. Декларацијата на која се обврзаа лидерите од регионот предвидува и деполуција на воздухот, водата и почвата во Западниот Балкан како заеднички интерес и на земјите од регионот и на ЕУ.

Влијанијата како што може да видиме во целиот процес ќе се економски, социјални и културни. И нема да ги засега тоа само невработените туку и вработените. Затоа, ако се попречи праведната транзиција се повеќе ќе се намалува економската моќ, а тоа ќе влијае на локалните текови во местата на живеење.

Имајќи предвид дека штетните гасови од териториите на Западен Балкан се шират низ целиот континент и дека со 16 застарени термоцентрали на јаглен, кои како загадувачи на воздухот се доминантни во регионот, како и во Европската унија и пошироко, регулирањето на идниот зелен пат за земјите од овој регион ќе биде и предуслов за создавање на првиот климатски неутрален континент.

Затоа треба навремено да се провери како одредени работници можат да се преквалификуваат или можеби предвреме да се пензионираат. Но никако да се заборават граѓаните или што се вели да се остават со празен желудник, затоа што во денешно време тоа ќе поведе широк појас на немири. Исто така процесот да не биде на грбот или на сметка на ранливите категории на лица или на сметка на граѓаните, посебно не на оние кои се вработени во индустријата со јаглен која веќе отпушта и ќе продолжи да отпушта многу работници. Тоа е така затоа што од друга страна постојат нови алтернативни начини за производство на енергија кои ќе бидат со нула емисии на јаглерод.

Меѓународните синдикати предлагаат решенија за работниците бидејќи низа работни места се под закана. Затоа потребно е паметно планирање и преструктурирање. Но еден регион ако само се фокусира на промена кон туризам, на пример, еве посебно во период на пандемија, ќе се соочи со тешка ситуација. Затоа кога се мисли на креирање работни места и преструктурирање подразбираме „фундаментална социјална, технолошка, институционална и економска промена од еден во друг општествен режим или динамична рамнотежа“.

Ова го спомнувам затоа што во една непланска и криминална транзицијата што ни се случи во деведесеттите само во Велес, градот од кој што потекнувам, имаше 11 500 лица кои ги загубија своите работни места, додека во целата земја нивниот број изнесуваше меѓу 120.000 и 130.000, а под стечајна управа се најдоа 1080 фирми од кои 168 беа државни.

Таа транзиција предизвика турбуленција, каде што вработените – градителите на претпријатијата, останаа без работа, а на нивна сметка некои се збогатија, односно поединци кои беа инволвирани при купувањето на таканаречените општествени претпријатија“.

Од друга страна судовите не беа подготвени и беа недоволно обучени да ја водат трансформацијата, а воедно да ги водат стечајните постапки. И низа лица починаа и не го дочекаа обештетувањето. Кое ден денес не се случи и за низа живи.

Во целиот процес на приватизација државата инкасираше едвај 20% од вредноста на претпријатијата, а се смета дека од земјите во Централно-источна Европа, за најнеуспешни се сметаат процесите на приватизација во Македонија и во Романија.

Затоа за крај би рекол дека воведувањето „еколошки“ политики без да се земе во предвид социјалната правда не може да функционира, а од друга страна немаме резервна планета. Затоа да ги вклучиме сите засегнати страни и да дејствуваме заедно.


Првиот дел од колумната можете да го прочитате на линкот подолу.

Праведна транзиција или ситиот на гладниот не му верува и баш му е гајле! (прв дел)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ