Обвинетиот во случајот „Плацеви на Водно”, бизнисменот Орце Камчев, денес дојде позитивен на корона вирусот да присуствува на судењето , соопшти неговиот адвокат Гоце Ристовски пред судијата Илија Трпков на почетокот на рочиштето.
– -Обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен со симптоми на висока температура и доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и вчера кај него е детектирани присуство на Ковид 19 на брз антигенски тест на Ковид 19. Согласно Уредбата на Владата обвинетиот Камчев треба да е во самоизолација, но тој е присутен бидејќи се уште нема Решение -рече неговиот адвокат Ристовски.
Во предметот „Плацеви на Водно“ покрај Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, обвинети се уште и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот прв раузнавач Сашо Мијалков, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.