Во акцијата се откриени и запленети 18 парчиња оружје и 111 парчиња муниција, констатирани се 6 кривични дела, приведени се 10 лица, а лишени од слобода се 5 лица кои не ги почитувале законските одредби. Откриени се кривични дела и прекршоци од Законот за оружје, Законот за ловство, Кривичниот законик и други закони.
Полицијата утврди шест кривични дела од кои 5 по член 396 од Кривичниот законик – за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и едно дело по член 215 од Кривичниот законик – за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Констатирани се и 23 прекршоци од кои 17 по Законот за оружјето и Законот за ловство, додека 6 прекршоци се однесуваат на други закони.
Д. М.