• Latest

АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија

February 7, 2022
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија

February 7, 2022 11:24
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, заеднички предлагаат измена на Законот за данок на додена вредност чија цел е прецизирање на повластената стапка од 5 отсто ДДВ за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која, како што велат, е потребна со цел елиминирање на можностите за различни и субјективни толкувања, пренесува информативната агенција МИА.

Од АЕТМ и МАСИТ потенцираат дека Законот за данокот на додадена вредност од самото воведување ги опфаќа дејностите од доменот на ИКТ индустријата на многу базично ниво, користејќи терминологија дефинирана во 2007 година кога се овозможува примена на повластена даночна стапка од 5 проценти за овој вид на услуги со цел стимулирање на развојот на информатичкото општество.

-Несомнено е дека брзите промени кои се случуваат како резултат на развојот на технологиите претставуваат предизвик за регулативата насекаде во светот, која едноставно не може да ги прати промените. Потребни се нови начини на дизајнирање на регулатива која ќе обезбеди безбедност и доверба, а истовремено ќе обезбеди поволна околина за раст и развој. Сепак овој случај кој е предмет на нашата иницијатива не е предизвик од таков тип, едноставно се работи за терминoлогија со недоречености која е неопходно да се обнови. Нема идеална регулатива и постојано ќе треба промени, затоа клучна е брзината и отворeноста за постојани промени. Само така ќе успеeме постојано да ја подобруваме бизнис климата,  вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

 

АЕТМ и МАСИТ предлагаат прецизно дефинирање и измена на ставот во Развој на софтверски решенија,вклучително веб апликации, веб страни, решенија за е-трговија и мобилни апликации, софтверски лиценци и одржување на софтверски решенија

Користењето на терминологија која не обезбедува прецизност при алоцирањето на одделниот промет на добра и услуги, како што велат, создава простор за различни толкувања за користење на правото на примена на повластена стапка од 5 отсто од страна на засегнатите страни во деловниот свет.

Додаваат дека ИКТ индустријата во последните години бележи постојан раст не само во остварените приходи туку и во бројот на компании, бројот на вработени, извозот и вработува млади и перспективни кадри со плати повеќе од двојно повисоки од просекот на ниво на држава.

 

-Владата треба да обезбеди поволна клима за понатамошен раст и развој на ИКТ идустријата која игра клучна улога во дигиталната економија, а најмалку што може е да го слушне гласот на заедницата кога се соочува со проблеми и да одговори со промени во насока на јасни правила за сите, објаснува претседателката на Управниот одбор на МАСИТ, Анета Антова Пешева.

Заклучуваат дека прецизното дефинирање на ставките во законот ќе придонесе за јасна дистинкција на ставките што подлежат на повластена стапка од 5 отсто, сметаат дека со тоа ќе се намали и просторот за субјективни разбирања на предметната проблематика и ќе се намали просторот за различни толкувања од страна на засегнатите страни.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ