• Latest

Ковачевски смета дека не е време за избори туку за справување со предизвиците, се надева на решение за минималната плата

February 7, 2022
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски смета дека не е време за избори туку за справување со предизвиците, се надева на решение за минималната плата

Разговорите на ниво на министерства за надворешни работи очекувам да бидат во духот на европските вредности, со почитување на двете држави и на достоинството на граѓаните и на Република Северна Македонија и на Република Бугарија

February 7, 2022 14:17
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димиртар Ковачевски смета дека сега не е време за предвремени парламентарни избори, туку е време за справување со здравствената и енергетската криза, и за развој на економијата. Избори ќе има, вели, ама редовни, во 2024 година, до кога сите политички партии имаат време да постигнат консензус за укинувањето на „пржинската влада“, пренесува МИА.

-Во однос на прашањата што беа отворени во изминатиот период доминантно од опозицијата, ние како партија и јас како претседател на СДСМ и претседател на Владата веќе дадовме став дека во моментов државата се соочува со неколку големи предизвици, а тоа е прво справувањето со здравствената криза, справувањето со енергетската криза. Имавме и справување со топлинската криза во Градот Скопје, а исто така имаме и отворен процес, активен, на разговори со нашиот сосед со Република Бугарија а со цел одржување на прва меѓувладина конференција на Република Северна Македонија со ЕУ.  Оттаму сметаме дека оние прашања коишто не се во насока на исправување со најголемите предизвици само претставуваат дефокусирање од оние проблеми коишто се најважни да се решат за нашите граѓани, изјави Ковачевски во одговор на новинарско прашање.  

Според  него, самото барање на опозицијата за укинување на „пржинската влада“ потврдува дека во државата има демократски амбиент, каков немало во времето кога е воведена таа влада, што, како што истакна, значи дека во тоа време имало заробена држава во која администрацијата и државниот апарат биле користени во партиски изборни цели.

-Медиумите не беа оставени слободно да ја извршуваат својата работа, а денеска сите медиуми им се достапни на сите политички репрезенти било да се од позицијата, било да се од опозицијата и тоа само потврдува за тоа дека СДСМ и Владата и неговите коалициони партнери ги имаат вратено демократските принципи на владеење. Со оглед на тоа што „пржинската влада“ е договорена помеѓу четирите најголеми партии тоа значи дека и начинот на нејзиното укинување треба да се направи на истиот начин, а не со еднострано барање од една политичка партија притоа имајќи во предвид дека имаше и изјава од страна на коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, односно Алијанса дека тие имаат друг поглед на тоа прашање. Од таа причина, треба работни групи да седнат и да договорат решение кое што решение ќе биде дел од Закон за Влада и кое што ќе важи за изборите 2024 година, рече Ковачевски.  

Во врска со прашањето за една изборна единица, тој истакна, дека СДСМ како партија е за вакво решение, но, како што нагласи, измените на Изборниот законик со кој се регулира ова прашање, секогаш се носеле со консензус на партиите.

-Ние сме политичка партија која што прва го поддржа концептот на една изборна единица и преку тоа го поддржавме и барањето на помалите политички партии кои се дел од коалицијата заедно со СДСМ. Но, веќе видовте дека дел од политичките партии излегоа со свое гледање за тоа како треба да изгледа изборниот модел. Јас имам свој личен став во однос на правење на изборни модели, а тоа е дека тие мора да бидат правени низ широка расправа преку работни групи кои ќе вклучуваат претставници на политичките партии, на ресорните министерства задолжени за изготвување на изборниот закон, како и експерти, вклучително и експерти од ОБСЕ/ОДИХР, рече премиерот.

На таков начин, додаде тој, ќе дојде до Изборен законик кој на најдобар начин ќе ги отсликува прво заложбите на политичките партии во државата, потоа барањата на граѓаните, но и ќе може да гарантира фер изборен натпревар и резултати. Со оглед на тоа што, како што нагласи избори ќе има во 2024, има доволно време да се формираат работни групи кои ќе работат на ова решение. 

Премиерот Ковечевски најави дека денеска ќе присуствува на Економско-социјалниот совет на кој, како што рече, се надева дека заедно со работодавачите и синдикатите ќе изнајдат решение кое биде на задоволство на вработените.

– Во неколку наврати имам кажано дека сум на страната на вработените. Тоа јасно го кажав и при изгласувањето на законското решение за недела неработен ден бидејќи во еден дел работодавачите имаа поднесено иницијатива за оценка на уставноста на тоа законско решение. Тогаш јасно кажав дека сум на страната на вработените. Секој вработен има право недела да ја помине со своето семејство и тоа јасно го кажав на состанокот со Стопанската комора и се договоривме низ разговор, кој ќе трае 30 дена, да се најде решение кое ќе биде бенефит за работниците и таа иницијатива да биде повлечена од Уставниот суд. Денес имаме 92 проценти од вработените на кои недела им е неработен ден, истакна Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Штип, Ковачевски не сакаше да калкулира со бројки за минималната плата, бидејќи, како што рече, никогаш не соопштува бројки кои не се базираат на анализа и кои не се договорено меѓу социјалните партнери.

– Местото каде тоа треба да биде кажано е ЕСС и таму треба да биде кажано и договорено од страна на сите социјални партнери. Во ЕСС имаме претставници на работниците кои заслужуваат да им се вредува трудот, но тука се и работодавачлите чие мислење треба да се слушне бидејќи минималната плата секогаш е поврзана со зголемувањето на продуктивноста на трудот, изјави Ковачевски, додавајќи дека негов личен став е дека платите треба да растат.

Пред денешниот Економско-социјален совет, седница треба да одржи Економскиот совет на Владата со кој ќе заседава премиерот Ковачевски.

– Разговорите на ниво на министерства за надворешни работи очекувам да бидат во духот на европските вредности, со почитување на двете држави и на достоинството на граѓаните и на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, изјави денеска премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за овонеделната средба на ниво на МНР со Бугарија.

Ковачевски, посочи дека професионалци од МНР-та од двете страни ќе работат на изнаоѓање решенија за отворените политички прашања врз меѓународни стандарди кои потоа ќе бидат споделени и со јавноста.

 

– Кога ќе имаат резултати во однос на нивните разговори кои ќе бидат на ниво да може да се смета дека се прифатливи, тогаш нормално дека и владите ќе ги разгледуваат, а ќе бидат споделени и со јавноста низ процедура и со институциите задолжени за нивно разгледување и евентуално усвојување, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на ТИРЗ Штип.

Ковачевски, исто така, рече дека во однос на разговорите со Бугарија отворен е нов процес на разговори, кој се темели на прашања кои се однесуваат на реални теми кои практично ги афектираат сите граѓани и сите општествени процеси во двете држави.

– За таа цел после двете средби кои ги имавме со бугарскиот премиер и заедничката владина седница во Софија, беа договорени работни групи, во областа на економијата, инфраструктурата, образованието и културата, европските интеграции, нормално и Историската комисија продолжи да работи и тогаш рековме дека министерствата за надвореши работи на двете држави ќе работат на изнаоѓање решенија за политичките прашања кои се отворени меѓу двете држави, изјави Коавчевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ