Бугарскиот претседател Румен Радев за идната недела свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради закани за националната безбедност и состојбата на армијата, објави „24 Часа“. Парламентарните партии веќе добиле покани од него како и во Владата, пренесува МИА.
Седницата е закажана за вторник, 15 февруари на која ќе има и посебен извештај од началникот на одбраната Емил Ефтимов.
Поканата за седница доаѓа еден ден откако министерот Стефан Јанев призна дека рапсореедуавњето руски војници на граництаа со Украина е закана за бугарската национална безбедност.
Од денеска небото над Бугарија ќе го обезбедуваат заеднички со авиони од Шпанија.












