• Latest

Попоска: Солидарноста треба да ја вратиме на лично, човечко ниво, потоа на државно и да ја наметнеме повторно како вредност

February 10, 2022

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Попоска: Солидарноста треба да ја вратиме на лично, човечко ниво, потоа на државно и да ја наметнеме повторно како вредност

February 10, 2022 14:24
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при универзитетот „Визион“- Гостивар, на панелот на ЦИВИЛ “Руско -украинската криза и Северна Македонија“ ( 9 февруари, 2022) говори за тоа што ние можеме да направиме по ова важно прашање.

 

Попоска се осврна на начинот на кој ќе се третира и води евентуалната војна помеѓу Русија и Украина, и посочи дека всушност целата планета е воено поле за различни основи.

„Сметам дека конфликтот  ќе се третира како конфликт со низок интензитет. Нема да го премине оној праг на општа војна. Ова се должи на многу контексти, но пред се на доктрината на Валери Герасимов, која е актуелна особено во последните десетина години, каде што како главен метод на руската доктрина, се јавува војување кое не е толку видливо. Она што сега се нарекува хибриден или сајбер напад, борба со информации, или сите оние нетипични воени дејствија.

Глобалната промена во светот, по падот на Студената војна, генерално го промени начинот на војување, и се зборува дека сега сме во онаа петта генерација, каде што веќе не сме закопани во ровови, туку војуваме на многу начини, и целата планета е практично воено поле за различни основи. За жал, либералните вредности се жртва на сопствените идеали, и за жал, она што ни беше најголемата предност, цивилизација и идеали, демократијата и начинот на кој тие се ползуваат, во моментов се злоупотребени, од различни актери, не само од Русија, туку и од други држави и други концепти, дури и на национално ниво. Особено национализмот или популизмот ги најдоа овие алатки за ширење на своите идеали за добивање евтини политички поени.

Што се однесува до солидарноста со Украина, Попоска вели дека таа треба прво да ја вратиме на лично ниво, а потоа и на државно.

“Моментално, цела Европа се соочува со криза по многу основи. Криза на лидерството по заминувањето на Меркел, бегалска криза, здравствена криза, пандемијата ги изнесе на повидок сите недостатоци на меѓународниот поредок, и односот меѓу државите го врати во некаква „вестфалиска“ состојба каде што се инхибираа секоја во себе и секоја за себе, односно, меѓународната солидарност се сопна на првата можна препрека кога се појави кризата. Дури национално, и на индивидуално ниво, бевме сведоци на исклучително себични груби примери. Последен е случајот со девојчето со Даунов синдром. Солидарноста треба да ја вратиме пред се на човечко, лично ниво, а потоа и на државно, и да ја наметнеме повторно како вредност. Тоа како општество ќе ни одземе многу време и многу енергија, затоа што ситуацијата е навистина сериозна.“

Таа посочи и на постапката за Украина пред Меѓународниот суд на правдата, како многу важен адут за меѓународната битка за цивилизациска придобивка.

„Од друга страна, се уште е во тек постапката пред Меѓународниот суд на правдата. Првично Украина го доби случајот, но датумите кои се за преземање на постојаните мерки или задолженија од Судот, се продолжени до април и до декември 2022 колку што знам, верувам дека амбасадорката може да ни даде некоја информација повеќе, затоа што за ова македонските медиуми не известуваа многу одамна. Тоа е уште еден адут кој е важен за меѓународната битка, и, како што кажа амбасадорката, за да ова биде една цивилизациска придобивка на крајот, односно, да не дозволиме да се сруши меѓународниот поредок, таков каков што го знаеме.“

 

„Медиумите се носечки столб на демократијата, мора да имаме предвид дека не е само руската пропаганда виновна за она што се случува, туку, за жал многу непрофесионални новинари, секоја чест на исклучоците и благодарам за тоа што го прави ЦИВИЛ и што го прават сите прекрасни новинари кои совесно си ја вршат работата. Сметам дека она што можеме да го направиме, како домашна задача, е да го преиспитаме регулирањето на електронските портали пред се, тие беа изземени во актуелниот текст на законот кога се подготвуваше, заради опасност од цензура, меѓутоа мислам дека сега доби една сосема друга димензија, така што верувам дека тоа може да се преразгледа и да се најде некое посоодветно решение.“, порача Попоска меѓу другото.

Обработка на текст: Дијана Тахири

камера: Дехран Муратов

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ