• Latest
Фото: cbsnews.com/ EFREM LUKATSKY/AP

Украинска криза: Шолц во Киев и Москва, украинските пратеници не смеат да ја напуштат земјата, американски војници нема да војуваат во Украина

February 14, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Украинска криза: Шолц во Киев и Москва, украинските пратеници не смеат да ја напуштат земјата, американски војници нема да војуваат во Украина

February 14, 2022 10:15
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: cbsnews.com/ EFREM LUKATSKY/AP

Фото: cbsnews.com/ EFREM LUKATSKY/AP

Share on FacebookShare on Twitter

Ова е можеби најинтензивната безбедносна криза во Европа од крајот на Студената војна, откако  Вашингтон предупреди дека руската инвазија на Украина може да започне во секој момент. Руски напаѓачки хеликоптери вчера беа забележани како зујат на неколку километри од границите на земјата.

За време на телефонскиот разговор со претседателот Бајден, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од американскиот претседател да го посети Киев за да „придонесе за деескалација“ и да испрати „моќен сигнал“. Посетата на Бајден најверојатно ќе отпадне. Сојузниците на Украина, вклучително и САД, го намалија персоналот во нивните амбасади или ги евакуираа во текот на викендот.

Украина сега е речиси опкружена од силите поддржани од Русија и нејзините поддржувачи кои го подигаат нивото на подготвеност, со почетокот на руската поморска вежба на Црното Море вчера, со што се комплетира јамката на југ. Руските власти сеуште тврдат дека немаат намера да ја нападнат Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска и утре во Киев и Москва

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска патува за Киев, како продолжение на западните дипломатски напори за смирување на руско-украинските тензии.

По Киев, тој утре ќе замине за Москва, како што неодамна направи францускиот претседател Емануел Макрон, бидејќи САД повторија дека Русија може да ја нападне Украина „во секој момент“.

Како резултат на тоа, многу западни земји евакуираа дел од персоналот на нивната амбасада во Киев.

Германскиот канцелар неодамна изјави дека санкциите против Русија се подготвени во случај на нејзин напад врз Украина.

Земјите на НАТО стравуваат дека Москва, која натрупа над 100.000 војници во близина на границата, може да ја нападне Украина.

Русија негира дека има такви планови, но бара гаранции за нејзината безбедност, вклучувајќи ги и гаранциите дека Украина никогаш нема да биде членка на НАТО и дека Алијансата ќе ги повлече своите сили од областите во близина на Русија.

На украинските пратеници им e забрането да ја напуштат земјата

Вадим Рабинович, пратеник на украинската Рада од партијата „Опозициска платформа – за живот“, изјави дека на украинските парламентарци им е забрането да ја напуштат земјата, пренесуваат медиумите во светот.

„На членовите на Врховната Рада им е забрането да ја напуштат Украина“, напиша Рабинович на Фејсбук.

Претходно, Александар Качура, пратеник на партијата „Слуга на народот“ на претседателот Владимир Зеленски, изјави дека на членовите на неговата партија во Радата им било препорачано да не ја напуштаат земјата, пренесе РИА Новости.

Џонсон неделава ќе посети неколку европски престолнини заради руско-украинската криза

Британскиот премиер Борис Џонсон неделава планира повторно да посети неколку европски земји со цел да ги продолжи дипломатските напори за смирување на руско-украинските тензии.

Британскиот премиер пред две недели го посети Киев, како јасна поддршка на Украина.

Џонсон треба да разговара со лидерите на нордиските и балтичките земји, откако минатата недела разговараше со лидерите на НАТО, Европската унија (ЕУ), САД, Франција, Германија, Канада, Италија, Полска, Романија, Литванија и Холандија.

-Кризата на украинската граница достигна критична точка. Сите информации што ги имаме сугерираат дека Русија во секое време би можела да ја планира инвазијата врз Украина. Тоа би имало катастрофални последици за Украина и Русија, изјави неименуван портпарол на британската Влада.

Според него, се уште постои можност за дипломатија и смирување на тензиите, а Џонсон ќе продолжи да работи со сојузниците со цел „да ја оддалечи Русија од амбисот“.

Во случај на погрешна руска проценка САД ќе го активираат Членот 5 од договорот на НАТО 

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Саливан, истакна дека незапирливото зголемување на руски сили околу Украина укажува дека претседателот Владимир Путин може да даде наредба за воена акција „суштински кога и да било“.

Тој, исто така, укажа дека при напад врз Украина ако Русија намерно или ненамерно ракетира или навлезе кај некои од сојузниците, САД се спремни да возвратат со активирање на Членот 5 и „одбрана на секоја педа од територијата на НАТО“. 

-Во текот на изминатите десет дена набљудуваме драматично забрзување во трупањето руски сили и нивна дислокација на таков начин што можат да почнат воена акција суштински кога и да било, изјави Саливан синоќа во интервју за Си-би-ес. Додаде дека Русите можат да го направат тоа „неделава, но секако, сеуште се чека на наредба“ од Путин.    

Рече дека САД „неможат да ја предвидат точната дата или време“ кога би се случил такав напад. 

Напнатоста меѓу Украина и Русија ескалира со разместените руски сили долж украинската граница кои сега бројат над 100.000, додека САД и западните сојузници го повикаа Путин да одбере дипломатија. 

Москва засега негира дека има намера за инвазија на Украина, но постапките на раководството и огромната воена сила распоредана долж границата даваат поинаква слика.  

Саливан тврди и дека руските медиуми ја подготвуваат јавноста дека е неизбежно Украина да нападне. 

-Можни се тајни операции на руски разузнавачи со напад на проруските милитанти или на руски граѓани во источна Украина, а винaта за тоа да се фрли на Украина. 

Службени лица од администрацијата во Вашингтон минатат недела за повеќе медиуми посочија дека Русија „има на место 80 отсто од силите потребни за сеопфатна инвазија на Украина“. 

Стејт департментот во саботата нареди вработените во амбасадата во Киев кои не се занимаваат со суштиснки активности да заминат од земјата. Саливан претходно ги повика американските граѓани итно да ја напуштат земјата, и предупреди дека „не се очекува армиска евакуација“ за оние кои решиле да останат.  

-Ако се случи воена акција и почне војна меѓу Русија и Украина поради руската инвазија, претседателот Бајден нема намера да праќа американски сили да се борат против Русија во таа војна, повторно истакна тој. 

Во телефонски разговор во саботата во траење од над еден час, Бајден му кажа на Путин дака САД ќе одговорат „одлучно и ќе наметнат брза и жестока цена“ ако Русија упадне во Украина. 

Саливан бил на повикот на Бајден со Путин, изјави дека не може да ги предвиди постапките на рускиот лидер, но истакна дека Вашингтон ќе продолжи да „го тестира предлогот дека може да најдеме дипломатски пробив напред“. 

Во случај на инвазија, додаде тој, САД ќе продолжат со поддршката на Украина. Тоа би бил еден од трите фундаментални елементи на одговорот на администрацијата на Бајден. 

-Продолжителна поддршка за Украина во напорите да се спротистави на руската аагресија, второ, наметнување жестоки и брзи економски мерки во дослух со нашите сојузници и партнери, и трето, да се засили, реосигура и одбие. Тоа значи да се засили територијата на НАТО, да се реосигураат нашите сојузници на Источното крило и да се одврати Русија да направи каква и да било акција против НАТО сојзниците, со кои го имаме светото задолжние за одбрана од Членот 5. Ќе ги извршиме сите тие акции во случај Русија да настапи, изјави Саливан.  

Истакна дека американскиете војници во Романија и Полска се пратени „токму за да се избегнат грешки, погрешни проценки или ескалацја, и да се испрати јасна порака до Русија“. 

-Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, секоја педа од територијата на Членот 5 и мислам дека Русија ја разбира пораката, рече тој.

Американски војници нема да војуваат во Украина

Американските сили нема да војуваат во Украина во случај на руска инвазија на оваа земја, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, за телевизијата MSNBC.

-Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека американските војници нема да водат војна во Украина, нагласи тој.

Според Кирби, употребата на американските сили дури и за евакуација на американските граѓани од земјата „би го зголемила ризикот од погрешна проценка и би ја зголемила можноста за конфликт меѓу руските и американските сили“, што, според портпаролот на Пентагон, ситуацијата ќе ја доведе „до ново ниво“.

Тој посочи дека конфликтот околу Украина се уште може да се спречи, но времето истекува.

Американската администрација не ја разгледува можноста за воведување превентивни санкции против Русија.

Во меѓувреме, нова серија американско оружје пристигна во Украина.

„Утринава два авиони со американска помош за брза реакција пристигнаа во Киев со цел да се зајакне одбраната на Украина. Тоа е дел од помошта вредна 200 милиони долари во муниција“, на Твитер јави американската амбасада во Киев.

Украинскиот министер за одбрана, Алексеј Резников, на Фејсбук напиша дека од САД досега се испорачани 1.300 тони воен товар.

Помош во оружје и муниција за Украина и од Литванија и САД

Украина доби пратка муниција и противвоздушни ракетни системи Стингер од Литванија, соопшти синоќа украинското Министерство за одбрана.

Претходно вчера, два други авиони испорачаа околу 180 тони муниција од САД, соопшти украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. Тој на Твитер објави дека Украина досега добила речиси 1.500 тони муниција.

Украинските воени претставници информираа дека Украина со помош на сојузниците значително ги зајакнала своите вооружени сили. Ова конкретно се однесува на американските и британските противтенковски системи и беспилотни летала што ги доби од Турција.

САД и сојузниците велат дека Русија може да ја нападне Украина во секое време, но Русија, и покрај распоредувањето на повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина, негира дека има такви планови.

Д.М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ