• Latest

Јовановски: Застрашувачки е што кај младите има зголемена ксенофобија

February 17, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Јовановски: Застрашувачки е што кај младите има зголемена ксенофобија

February 17, 2022 10:47
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија за првпат ни се случи зголемена ксенофобија и говор на омраза кон група еврејски верници кои се населија во Куманово, а по реакциите на жителите мораа да се преселат во Скопје. Хелсиншкиот комитет во своите истражувања заклучува дека во земјава има пораст на ксенофобијата, а за тоа во Утрински брифинг разговаравме со Александар Јовановски од Хелсиншки комитет.

-Она што се случуваше во Куманово е класична ксенофобија кон една религиозна група. Групата беше и физички нападната, а она што многу нѐ загрижува е што напаѓачите беа главно млади лица, вели Јовановски.

Тој додава дека сѐ започна од првиот прилог што беше објавен на телевизија во кој акцент беше ставен на нивната религиозна припадност и беше нагласено дека се екстремни верници што се поврзува со екстремизам. МВР нагласи дека групата се со легален привремен престој. Хелсиншки комитет ја повика МВР да обрне внимание оти дискриминацја по религиска основа е казниво според Устав.

 

Според повеќегодишните истражувања на Хелсиншки комитет, од 2016 година со бегалската криза започна посилно кревање на ксенофобијата. Ксенофобијата оттогаш постепено расте, па имавме и случај на навредување на корејски турист кој беше нападнат оти „донел корона во земјата“.

Јовановски вели дека ова е феномен кој се шири и низ светот, а не само кај нас.

-Свеста во институциите, пред сѐ МВР, е зголемена но недостасува примената на заштитата на метите на говор на омраза и сузбивање на самиот говор на омраза и чинови на омраза, вели Јовановски.

Тие што поттикнуваат говор на омраза и дела на омраза како и извршителите главно се млади луѓе. Алармантно е што младите луѓе имаат ставови кои не се базирани врз докази.

Проследете го целиот разговор во видеото

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ