• Latest
Проф д-р Јове Кекеновски

Цар или мегаломан

March 1, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Цар или мегаломан

March 1, 2022 12:41
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф д-р Јове Кекеновски

Проф д-р Јове Кекеновски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

Војната на Голијат против Давид започна пред шест дена. Денес шестиот ден од нападот на Русија над Украина и покрај информациите кои велат дека 64 километарска колона на руски оклопни возила и тенкови се наближува кон Киев се појасно станува дека „блиц-кригот“ на Путин не ги дава посакуваните и очекувани резултати.

Украинците стануваат се повеќе мотивирани во одбраната на својата земја и даваат неочекуван отпор. Државите членки на ЕУ и НАТО Алијансата по апелот на Володомир Зеленски се разбудија од зимскиот сон, поточно го напуштија голиот вербализам и започнаа да дејствуваат поагресивно и поорганизирано со најавените санкции. Дури и Финска и неутралната Швајцарија преземаа конкретни мерки. По 206 години неутралност (од 1815 година) Швајцарија вчера реши за прв пат да отстапи од неутралната позиција.

По состанокот на Швајцарскиот федерален совет претседателот Игнацио Касис објави дека Швајцарија го замрзнува имотот на Владимир Путин, на премиерот Михаил Мишустин, на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како и на други 367 руси државјани. Руските фирми и руските граѓани во банките во Швајцарија располагаат со имот поголем од 11 милијарди долари, а голем број фирми кои стопанисуваат и тргуваат со руската нафта и други производи имаат свои седишта во Швајцарија. Руските девизни резерви кои се проценуваат на околу 640 милијарди долари се наоѓаат надвор од Русија, поточно во сефовите на разни финансиски институции во Лондон, Париз, Њујорк, Токио, Берлин и други финансиски центри и истите се замрзнати.

Сè на сѐ, се работи за досега невидени санкции. Светот станува се пообединет во осудата и санкциите кон Русија и во желбата да и се помогне на Украина. Претседателите на неколку држави членки на ЕУ, Бугарија, Полска, Латвија, Литванија, Чешка, Словачка, Естонија и Словенија со писмо побараа и поддржаа итен прием на Украина во ЕУ. Поради сомневање за сторени сериозни злосторства Меѓународниот кривичен суд од Хаг отвара истражни дејствија за случувањата во Украина. Едноставно Русија станува сѐ повеќе изолирана, народот сѐ погладен, а руските бизнисмени сѐ по огорчени на авантурата на Путин.

Од друга страна и покрај очигледната вооружена неурамнотеженост (во корист на Русија)  се добива впечаток дека по првичниот шок граѓаните на Киев сериозно се подготвени и спремни за жестока одбрана на својот град и држава. Поделени се повеќе од 18.000 парчиња оружје (автоматски пушки и пиштоли), спремни се молотовите коктели и импровизираните барикади. Се чини дека пеколот за руските војници ќе почне со нивното влегување во Киев и герилското војување во урбани услови.

Големата Кина остана воздржана и не го осуди нападот на Русија, односно не гласаше за Резолуцијата на Советот за безбедност во ОН. Кинеската дипломатија сè уште вешто одржува рамнотежа помеѓу Русија од едната и САД и ЕУ од другата страна велејќи дека ги „разбира“ барањата за сигурност и безбедност на Русија за нејзината територија упатени кон НАТО Алијансата. Меѓутоа Кина до ден денес не ја одобри и не ја призна анексијата на Крим од страна на Русија, ниту ги призна Абхазија и Јужна Осетија.

Во секој случај не можам да се согласам со констатацијата на Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи која изјави дека Русија не ја започнала војната, туку дека таа сега ја завршува војната која отпочнала повеќе години наназад. Без разлика дали Киев ќе биде заземен во деновиве кои ни претстојат сигурен сум дека војната допрва ќе се разгори уште повеќе. Ќе има премногу жртви на двете страни како и огромна материјална штета. По извесно време сакале или не сакале и едните и другите ќе седнат на преговарачка маса и ќе мора да се договорат. Отстапки ќе мора да има од двете страни. Сè ми се чини дека митот за Путин како „прави мужик“, жилав човек на кој не му недостасуваат уличните манири, голем „шахист“ на глобалната политичка сцена, како политичар кој тешко може да се разбере, а уште помалку да се „прочитаат“ неговите идни потези мислам дека набрзо ќе стане минато. Без разлика на моите досегашни симпатии кон Путин сепак сметам дека Путиновата агресивност и его ја надмина неговата рационалност и по се изгледа дека времето ќе покаже дека се работи за несентиментален лик кој смета дека покажувањето „мускули“ е легитимно оружје во борбата за реализација на сопствената замисла и мегаломан кој ја можеби ја прецени сопствената сила и моќ. А сепак мислам и тврдам дека можеше поинаку.

Што се однесува до Западен Балкан она што посебно ме плаши се последните случувања кои ми даваат за право да бидам сериозно загрижен дека под директно и индиректно влијание на големите сили ќе се продлабочат досегашните поделби и конфликтот ќе се прошири и на овие простори. Мошне индикативно е што рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во текот на вчерашниот ден најде време да му телефонира на Милорад Додик и да го потсети на неговиот договор со Путин од месец декември 2021 година. На што се однесува тој договор ќе дознаеме мошне брзо, се разбира доколку не биде доцна. Албанија меѓу првите држави се солидаризираше со Украина. Независно Косово во екот на руско-украинската војна загрижено за сопствениот опстој и безбедност вчера побара од САД и НАТО поставување нова воена база на Косово, а тоа од страна на Србија се протолкува како провокација. Црногорската опозиција, поточно опозициониот Демократски фронт токму сега најде за право да започне со блокади на периферијата на Подгорица во знак на противење за формирањето на малцинската влада во Црна Гора. На српскиот претседател Вучиќ ,,денот му е како година”. Притисокот од западните држави и Србија да воведе санкции кон Русија станува се поголем и поагресивен. Вучиќ ќе мора конечно да одлучи на која столица ќе седи. Долгот и благодарноста кон Русија е голем, но по се изгледа дека сега дојде некое друго време.

Свесно или несвесно, намерно или ненамерно балканскиот казан полека но сигурно зоврива. Во овој тежок кризен период меѓусебното соседско разбирање, поврзаноста, соработката и солидарноста е повеќе од предизвик, нужност и императив во борбата и настојувањето да им оставиме на нашите деца поубава и посветла иднина ослободена од балканските предрасуди и стереотипи. Во третата декада на XXI век умот и духот на балканците не сме и понатаму да биде заробен во некое друго минато време и во интерес на оние кои се многу подалеку од сите нас по сите основи.


 Текстот е личен став на авторот 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ