• Latest
Добро утро со Орданоски

Ние и руската пропаганда: „Пет минути за Хитлер, пет за Евреите“?!

March 3, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ние и руската пропаганда: „Пет минути за Хитлер, пет за Евреите“?!

Лесното, туку-така изедначување на „западната пропаганда“ и „источната пропаганда“ за агресијата на Русија врз Украина како рамносилно злонамерни и манипулативни (демек, „сите се исти“, во светот на Трамповите фејк-њуз медиуми!), е грубо фалсификување на медиумската реалност и во професионална и во морално-политичка смисла

March 3, 2022 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Полемиката околу тоа дали во Македонија треба или не треба да се отстранат од јавните кабелски мрежи програмите на Раша Тудеј и Спутник се разгорува. Вреди да се кажат неколку тези по тој повод…

Прво, во принцип, веќе и „врапчињата“ разбираат дека ширењето дезинформации е еден од најважните аспекти на секое војување, не само во модерното време. Со развојот на дигиталните медиуми и платформи, заедно со влијанијата на традиционалните медиуми, „хибридната војна“ е во центарот на вниманието на секој завојувач, но и на оние кои се бранат од таквата агресија. И тука нема милост, како што нема ни во бомбардирањата воени и цивилни цели.

Второ, Русија, и пред да биде несомнен агресор во овој крвав обид да ја пороби Украина, не беше и уште помалку е сега демократска држава. Тоа значи дека, и кога би сакале, од Русија не можеме да „увеземе“ избалансирана медиумска слика за тоа што се случува во таа држава како реакција на нејзините воинствени операции. Во традиционална медиумска смисла, оставени сме само на најофицијалната пропагандна машинерија на рускиот режим, во кои во „извозна“ смисла највлијателни се токму Раша Тудеј и Спутник. За поинакви ставови од нивните во Русија се апси и се затвораат медиуми.

Трето, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на РСМ е независно и самостојно РЕГУЛАТОРНО ТЕЛО кое во своите законски овозможени јавни овластувања има за задача да води ПОЛИТИКА во областа на радиодифузијата во земјава (меѓу другото: се грижи за заштита и развој на плурализмот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, охрабрува и подржува постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; се грижи за заштита на интересите на граѓаните во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги; презема мерки за времено ограничување на пренос и прием на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од други држави на територијата на Република Македонија согласно членот 45 од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги; поттикнува медиумска писменост… итн.).

Со други зборови, Владата може да препорача одредени мерки во однос на регулираниот радиодифузен простор во државата (што и го стори), а АВМУ – по закон – во однос на тоа може или не мора да изгради сопствена радиодифузна политика. Агенцијата реши, во интерес на „заштита на интересите на граѓаните“, да препорача до кабелските оператори прекинување на програмите на руската официјална медиумска пропаганда во Македонија. До тука е сѐ според важечкиот правен поредок во оваа демократска држава.

Во моментов, слични радиодифузни сателитски и кабелски рестриктивни мерки против каналите на руската државна пропаганда се преземени во Полска, Австралија, Словачка, Чешка, Канада, Естонија, Литванија, Латвија, Бугарија и Германија. Тој список на земји секојдневно расте, покрај британскиот регулатор Офком кој има отворено 15 нови истраги врзани за проверка на објективноста на Раша Тудеј што се емитува во Британија.

Четврто, во меѓународна смисла, Македонија не е ниту неутрална ниту неврзана држава, како резултат на својот ултимативен демократски избор поддржан од огромно мнозинство на граѓаните. Како дел од НАТО, таа има правни и политички обврски да ги следи определбите на сојузничката Алијанса, а и јавно прокламираните политики на ЕУ, и во областа на медиумските случувања во вонредни ситуации, каква што е, за сега, континенталната (и регионална) загроза со започнувањето на војната во Украина. Тоа не значи дека во државава не се можни, уште повеќе и добредојдени спротивставени ставови, размислувања и полемики за сѐ што се случува и на домашна и на меѓународна сцена, но државата има суверено право, во рамки на Законот, да води политика за тоа дали ќе дозволи слободно радиодифузно емитување на официјалната агресорска пропаганда на Русија во случајот со Украина. Патем, да констатираме уште нешто: во телевизиската кабелска понуда во Македонија не е овозможен пристап до украинските радиодифузери, за да би бил достапен и тој пропагандно-информативен пристап на украинската страна во војната.

Петто, големите западни интернет провајдери на медиумски содржини и социјални мрежи (Гугл, Јутјуб, Мета, ТикТок, Мајкрософт и др.), водејќи се од „вонредната природа на сегашната ситуација“ (Мета) и „државно спонзорираните кампањи за дезинформации“ (Мајкрософт) ги ограничија или ги забранија содржините на Спутник и Раша Тудеј на своите европски платформи и нивната он-лајн продажба на реклами. Како што, не така одамна, му забранија или му ограничија пристап и на поранешниот американски претседател Трамп да шири ноторни лаги, од позиција на моќ, на истите тие мрежи.

Шесто, квалитетот на македонското мејнстрим новинарство е апсолутно достоен на професионалната задача, со слободен пристап до сите официјални ставови и толкувања на сите засегнати страни, да процени што во пропагандната војна во Украина и околу неа треба, може или сака да го пренесе од руската страна на македонската публика. Тоа секојдневно и се случува, со доволна професионална грижа да не се потпадне на лажни вести и класични пропагандни манипулации. Да, во тоа не се успева секогаш, но предизвиците се големи, а пропустите – верувам – не се злонамерни.

Конечно, лесното, туку-така изедначување на „западната пропаганда“ и „источната пропаганда“ за агресијата на Русија врз Украина – читам и разно-разни нијансирани ставови од видни колеги во нашето новинарство – како рамносилно злонамерни и манипулативни (демек, „сите се исти“, во универзумот на Трамповите фејк-њуз медиуми!), е грубо фалсификување на медиумската реалност и во професионална и во морално-политичка смисла. Во нашата новинарска професија во светот нема наивни и морално-политички невини, но точно се знае кој спроведува со децении континуирано „семејно насилство“ врз својата публика.

Повелете, ако е од помош за темава, консултирајте ги на Гугл ставовите на Дмитри Муратов, главниот уредник на руската „Новаја Газета“ и ланскиот добитник на Нобеловата награда за „напорите за заштита на слободата за изразување, којашто е услов за демократија и траен мир“… Ако, додека ова го читате, веќе не е приведен на распит и продолжено задржување во некоја московска полициска станица.

Впрочем, вчерашното гласање во Генералното собрание на ОН, со кое, по дводневна дебата, се бара Русија итно да се повлече од Украина, од 193 земји членки на ОН доби поддршка од 141 суверени нации, 35 земји беа воздржани, а само Руската Федерација, Белорусија, Северна Кореја, Еритреја и Сирија беа против. Не знам дали е тоа во врска со темава, но ќе да има.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ