• Latest

Сарачини: Преку црната пропаганда и дезинформациите партиите го подготвуваа „теренот“ за локалните избори

March 3, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Сарачини: Преку црната пропаганда и дезинформациите партиите го подготвуваа „теренот“ за локалните избори

March 3, 2022 14:31
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Јавната кампања за Локалните избори кои се одржаа на 17 октомври (прв круг) и 31 октомври 2021 (втор круг), започна многу порано, особено преку црната пропаганда и дезинформациите, преку кои партиите го подготвуваа „теренот“ за изборите, обидувајќи се да мобилизираат поддршка наспроти „непријателот“, но пред сè, да ги оцрнат противниците и да ги неутрализираат нивните поддржувачи во јавноста, вели Петрит Сарачини на панелот на ЦИВИЛ „ „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“, одржан на 2 март, 2022.

„Периодот пред и по Локалните избори, уште еднаш потврди дека Северна Македонија не е исклучок од светскиот тренд, туку, напротив, еден од покарактеристичните примери за општество во кое се одвива „перманентна кампања“ што не престанува со години, а во која преовладуваат пропагандата, дезинформациите и офанзивната реторика.

Во црната пропаганда и дезинформациите, предничеа содржини поврзани за Преспанскиот договор
и прашањето на името, закочените евроинтеграции и преговорите со Бугарија, Рамковниот договор
и пописот, актуелностите поврзани со Ковид – 19 пандемијата, а во овој период земјата се соочи и
со други големи несреќи кои беа искористени и за црна пропаганда и за ширење дезинформации –
како што беше случај со трагичниот пожар во Тетово кој однесе 14 животи, пристигнувањето на
бегалците од талибанскиот терор во Авганистан, како и шумските пожари низ целата земја кои беа
актуелни во текот на месец август, пред официјалниот старт на кампањата.

Бојното поле на кое партиите, со сите дозволени, а честопати и недозволени средства ја биеја оваа
битка најчесто беа медиумите на интернет, таканаречените портали, како и социјалните мрежи.
Најчести облици беа содржини чија цел беше лична дискредитација на кандидатите, како и
вообичаените поларизирачки дебати, со кои е преокупирано општеството години наназад, но и со
актуелни настани кои политичките партии или нивните поддржувачи ги користеа за меѓусебни
напади и пресметки“, истакна Сарачини.

Д.М.
камера: Г. Наумовски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ