• Latest

Сервер: Русија претставува закана и за Балканот во смисла на дестабилизација

March 4, 2022

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Сервер: Русија претставува закана и за Балканот во смисла на дестабилизација

March 4, 2022 13:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Русија претставува закана и за Балканот, но не во смисла на инвазија, туку во смисла на негова дестабилизација, оценува во коментар за МИА за руско-украинската криза професорот Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон.

-Иако, војната не е завршена, веќе е јасно дека Русија го загуби не само моралниот статус во светот, како и економската стабилност дома, туку и пријателството на повеќето Украинци. Тие никогаш нема да го прифатат она што го сака Путин: апсорпција на Украина во нова руска империја, подвлекува Сервер кој важи за експерт за Балканот.

Запрашан за тоа какво влијание ќе има руско-украинската криза врз регионот на Западен Балкан, американскиот аналитичар посочува дека Русија претставува закана и за Балканот, но од аспект на можноста да влијае на негова дестабилизација.

-Русија, исто така, е закана на Балканот, каде што делува и преку своите дезинформациски оружја (РТ и Спутник), како и преку српските националистички организации, вклучително српската Влада и Република Српска во Босна и Херцеговина, како и проруските политички сили во Црна Гора и на други места. Заканата не е инвазија на Балканот, туку дестабилизација, со која Русија се обиде и во Северна Македонија и во Црна Гора. Двете земји дадоа восхитувачки и демократски отпор. Се надевам дека ќе продолжат да го прават тоа, вели Сервер.

Прашан дали актуелната војна во Украина ќе влијае на забрзување или на забавување на проширувањето на ЕУ, Сервер се надева дека Европа ќе стане поотворена за нови членки, но, вели, се плаши дека е можно и спротивното.

-Можеби се надевам дека војната во Украина ќе ја направи Европа поотворена за нови членки, но се плашам дека може да го направи спротивното. Главната работа за Северна Македонија и другите земји кои сакаат да влезат во ЕУ е да ги направат потребните политички и економски реформи, кои ќе потраат најголемиот дел од оваа деценија, за да бидете подготвени за пристапување во членство кога ќе се отвори прозорецот. Најголемиот дел од придобивките од пристапувањето во ЕУ доаѓа со тие реформи, оценува Сервер.

Тој смета дека Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Хрватска исто така имаат важна улога како членки на НАТО.

-Алијансата ќе мора да се чува од агресија од Русија се додека Путин или некој од нему сличните владее во Москва, заклучува американскиот аналитичар Даниел Сервер.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ