• Latest

Стојановски: Политички и медиумски кругови со години ги навикнуваат Македонците дека говорот на омраза е нешто „нормално“

March 11, 2022
Фото: Твитер

Со протести во 30 градови во Србија се бараат избори

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на FAZ

Тројца пациенти починале во пожар што избувнал во болница во Хамбург

June 1, 2025
фото: Скриншотод видео на 
Sky Sports News

Две лица загинаа, стотици уапсени во судирите во Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите

June 1, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Се чини дека Трамп не е толку моќен колку што мисли дека е

June 1, 2025
Фото: Игор Додик/Х

Синот на Додик на самит со неонацисти во Будимпешта

June 1, 2025
Фото: Скриншот СР24

Маск го негира извештајот на „Њујорк Тајмс“дека користи дроги

June 1, 2025
Наводна слика од излетување на воз од шините во руската област Брјанск во текот на ноќта на 31 мај 2025 година по уривањето на мост. Најмалку седум лица загинаа, а уште 69 се повредени во инцидентот, тврдат руските власти. Фото: ASTRA/Telegram

Најмалку седум загинати, 69 повредени во излетувањето на воз од шините при уривањето на мост во Брјанската област во Русија 

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 26 Палестинци убиени откако израелски тенкови отворија оган во близина на центарот за помош во Газа

June 1, 2025
Created with the assistance of ChatGPT, an AI developed by OpenAI.

(ЕКСКЛУЗИВНО) Кина – тивкиот партнер во војната на Путин

June 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Стојановски: Политички и медиумски кругови со години ги навикнуваат Македонците дека говорот на омраза е нешто „нормално“

March 11, 2022 11:29
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФО
Share on FacebookShare on Twitter

Откако започна руско-украинската криза кај нас на социјалните мрежи, почна да се води пропагандна војна, полна со говор на омраза и „навивање“ од завојуваните страни. Одредени политички медиуми и кругови со години ги навикнуваат граѓаните на Република Северна Македонија дека говорот на омраза е нешто „нормлано“ и дека повиците на насилство се „нормален“ дел од политичкиот дискурс, тоа дури се претставува како нешто „демократско“, истакна за порталот „Локално“, Филип Стојановски, директор за партнерства и развој на ресурси во Фондацијата „Метаморфозис“.

Стојановски потенцира дека нашиот Кривичен законик ги смета за кривични дела говорот на омраза, повиците за насилство и оправдувањето на злосторства против човештвото и воените злосторства.

„За жал тоа што нашето обвинителство, судство и други државни институции не се целосно реформирани по европски терк, овозможува неказнивост за вакви кривични дела, а тоа потоа се пренесува и на однесувањето на граѓаните“, вели Стојановски.

Во однос на војната во Украина, според Стојановски, недвосмислено се гледа дека неколку извори на пропаганда ги поттикнуваат граѓаните да одобруваат крвопролевање наместо мирно решавање на конфликтот, за што предуслов е агресорот Русија да запре со агресивно однесување.

„Меѓу таквите извори спаѓаат неколку локални политички партии и индивидуални политичари, медиуми и армии на тролови поврзани со нив, кои и претходно имаат искажувано антизападна, анти-ЕУ и анти-НАТО ориентација, а настојуваат да наметнат авторитарно владеење во стилот на диктатурата на Владимир Путин. Кај дел од медиумите кои не се видливо поврзани со такви центри на моќ се гледа дека потпаѓаат под странски влијанија, од начинот на кој ги пренесуваат содржините од и за Русија“, објаснува Стојановски.

Стојановски вели дека особено важно во овој случај е влијанието врз медиумите кои пиратизираат вести од Србија и други соседни земји, бидејќи тие политичките пристрасности некритички ги пренесуваат од тамошните медиуми, појаснувајќи дека овие странски влијанија наидуваат на плодна почва кај нас бидејќи нашите граѓани се подложни на теории на заговори што е потврдено и со нивните истражувања од претходните години.

Според него, нивото, и особено квалитетот на образованиеto е еден од факторите кои граѓанинот го прават отпорен или не на ваков тип манипулации.

„Тоа е еден од клучните елементи по кој нашата земја е на дното на европската листа според нивото на отпорност на лажни вести. Затоа е важно унапредувањето на медиумската писменост и нејзино воведување во сите степени на образованието. Исто така, важен елемент е и домашното воспитување. Ако родителите им ги полнат главите на децата со предрасуди, ако не ги поддржуваат кога треба да развијат вештини за критичко мислење, на таквите деца ќе им биде тешко да не пораснат во слики на своите родители. Еден од главните наоди на студијата на „Метаморфозис“ за дезинформациите околу ковид-19 од 2020 година е дека огромна улога во спремноста да се прифатат и шират дезинформации е политичката пристрасност. Многу луѓе кај нас се ставаат во улога на пренесувачи на дезинформации за кои мислат дека помагаат да успее некоја нивна кауза, или пак сметаат дека се на штета на нешто за кое имаат негативно мислење (кауза, идеологија, партија, држава, сојуз…). Истите психолошки механизми се во функција и во врска со тековната војна. Жалното е што тие често ги шират таквите дезинформации и без да веруваат во нив, но со тек на време и самите ги усвојуваат и стануваат жртви на измами“, објаснува Стојановски и додава:

„Тоа се случува и на највисоко политичко ниво кога носители на одлуки почнуваат да веруваат во сопствената пропаганда. А тоа е рецепт за катастрофа, бидејќи ги прави неспособни за соочување со реалноста“.

Стојановски потенцира дека е потребен итен одговор од сите државни институции бидејќи загрижува сѐ поголемата агресивност на македонскиот граѓанин.

„Токму европското искуство со нацизмот кој е победен со невидени дотогаш жртви во 1945 година, довело до воспоставување на системот за заштита на човекови права кој на ниво на Советот на Европа говорот на омраза го смета за кривично дело. А тоа искуство покажува дека ширењето омраза и промовирањето дискриминација, потпалувањето на ниски страсти води кон физичко насилство, обиди за истребување на неистомислениците и „поинаквите“, што доколку се дозволи да се развие и до војни и геноцид. Бевме сведоци на ваков развој на настани при војните по распадот на Југославија, кога прво уште од 1980-тите беше подготвуван терен со националистичка пропаганда, со која се оправдуваше започнување насилство, за до 1995 година дa кулминира со геноцидот во Сребреница, кога илјадници луѓе се погубени само заради припадност на одредена етничка група“, појаснува Стојановски.

Во ваква ситуација, според него, секој од нас може да се запраша дали она што го прави помага да се спасат човечки животи и да запре понатамошно уништување или не.

„Борбата за човекови права се води преку борба за вистината, затоа е важно да се поддржат професионалните новинари, а особено оние кои вршат проверка на фактите и ги разоткриваат дезинформациите, како што тоа кај нас го прави „Вистиномер“. Многумина меѓу нас се заблудени со пропагандата што ја оправдува освојувачката војна почната од Русија уште од 2014 година како средство за решавање на проблемите“ подвлекува тој.

Стојановски вели дека секој од нас треба да се соочи со фактот дека со години сме учени да мразиме и дека овој проблем бара не само лично самоиспитување, туку системски одговор и од државата и од образовниот, па и од здравствениот систем.

„Бомбардирањето со дезинформации и говор на омраза влијае и на менталното здравје. Друга работа што секој од нас може да ја направи е да се запраша на кои сè лаги има поверувано деновиве и зошто. За мене е нормално ако некој ме излажал да не му верувам повеќе, па верувам дека истото секој од нас може да го примени и за медиуми и политички фигури“, смета Стојановски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Путин и Си ја гледаа парадата по повод Денот на победата во Москва. Фото: Скриншот од видео на WSJ News

    Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ