• Latest

Вистиномер: Кој го кочи давањето информации од јавен карактер?

March 11, 2022
Фото: Твитер

Со протести во 30 градови во Србија се бараат избори

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на FAZ

Тројца пациенти починале во пожар што избувнал во болница во Хамбург

June 1, 2025
фото: Скриншотод видео на 
Sky Sports News

Две лица загинаа, стотици уапсени во судирите во Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите

June 1, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Се чини дека Трамп не е толку моќен колку што мисли дека е

June 1, 2025
Фото: Игор Додик/Х

Синот на Додик на самит со неонацисти во Будимпешта

June 1, 2025
Фото: Скриншот СР24

Маск го негира извештајот на „Њујорк Тајмс“дека користи дроги

June 1, 2025
Наводна слика од излетување на воз од шините во руската област Брјанск во текот на ноќта на 31 мај 2025 година по уривањето на мост. Најмалку седум лица загинаа, а уште 69 се повредени во инцидентот, тврдат руските власти. Фото: ASTRA/Telegram

Најмалку седум загинати, 69 повредени во излетувањето на воз од шините при уривањето на мост во Брјанската област во Русија 

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 26 Палестинци убиени откако израелски тенкови отворија оган во близина на центарот за помош во Газа

June 1, 2025
Created with the assistance of ChatGPT, an AI developed by OpenAI.

(ЕКСКЛУЗИВНО) Кина – тивкиот партнер во војната на Путин

June 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Кој го кочи давањето информации од јавен карактер?

March 11, 2022 11:39
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, велат дека Законот не дозволува да се казнуваат службениците кои кријат информации од јавен карактер. Оттаму нагласуваат дека заради законските ограничувања може да ги казнува само назначените лица за посредување при остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но не и оние кои не даваат информации. Според Герман Филков од Центарот за граѓански кумуникации, најголеми кочничари на давањето на информации од јавен карактер се лицата кои се назначени за посредници за слободен пристап до информациите од јавен карактер, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е со врзани раце. Со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 2019 година (со кој Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите е трансформирана во Агенција), предвидени се прекршочни одредби за одговорното лице на имателот на информациите од јавен карактер, само доколку не назначи службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Постапката за добивање на информациите е следна. Кога граѓанин ќе испрати барање за слободен пристап до информациите од јавен карактер до некоја институција, тоа барање го презема, заведува и архивира посебен вработен назначен за оваа постапка и го упатува до секторот за каде е наменето барањето за информациите од јавен карактер.

Ако во една општина лицето одговорно за посредување за добивање на информации од јавен карактер ги нема, да речеме, податоците за урбанизам, се обраќа до надлежниот сектор. Надлежниот сектор или молчи или не му ги дава точните податоци, а службеното лице нема што да направи понатаму. За жал во Законот нема одредби со кои би можеле да ги казниме тие лица кои го попречуваат остварувањето на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, вели Пламенка Бојчева, директор на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Таа додава дека доколку министерот не сака да ги даде податоците, немаат законска можност да поведат постапки, против, министри, директори, градоначалници итн…

Некои од граѓаните кои често бараат податоци од институциите, сметаат дека назначените лица треба повеќе да се борат за остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Во врска со ова Герман Филков, основач на Центарот за граѓански кумуникации, кој учествувал на јавната расправа за донесувањето на овој Закон, вели:

Намерно во Законот е ставено само службените лица за посредување да можат да бидат казнувани, за да се изборат да добијат обвластувања тие да ги потпишуваат решенијата за одговорите на барањата. Според мене, ова е исправната верзија. Комисијата има можност да ја казни институцијата. Но, за жал ваквата состојба им служи на едни да се оправдуваат со други.

Тој додава дека најголеми кочничари на давањето на информации од јавен карактер се лицата кои се назначени за посредници за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Искуството, пак, на Агенцијата е поинакво.

Во 99 отсто од случаите, службените лица докажуваат дека направиле сè за да се обезбеди информацијата, меѓутоа, раководните и одговорните лица во институцијата се тие што го оневозможуваат пристапот, нагласува Бојчева.

Во 2020 година беа спроведени 10-тина прекршочни постапки, а во текот на 2021 година беа спроведени 342 прекршочни постапки. Најголем дел од прекршочните постапки беа против службените лица кои не доставиле годишни извештаи.

Слободниот пристап до јавните информации, моќна алатка против дезинформациите

Најдобриот начин да се бориме против дезинформациите, лажните вести и останатите форми на злоупотреби на информациите, е користењето на Законот за слободен пристап до информциите од јавен карактер.

Слободниот пристап до информациите од јавен карактер е многу моќна алатка за борба против, лажните вести, дезинформациите и спиновите. Тоа е како двата таса на вагата. Ако имаш повеќе веродостојни и точни информации на едната страна, ќе имаш многу помалку лажни информации на другата страна, и обратно. Навремената и точна информација е најголем борец против дезинформацијата. Дезинформации има кога нема квалитетни информации, вели Филков.

Тој додава дека квалитетните јавни информации во многу голема мера ќе го стеснат просторот за корупција.

Со ова се согласува и истражувачкиот новинар, Владо Апостолов. Во својата секојдневна работа тој често го користи Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Поентата е да стигнеме до ниво на свест на кое ќе биде срамота ако некој службеник или цела институција крие податоци,  односно да се подигне свеста за тоа колку е важна транспарентноста. А, како можеме ние како новинари и како медиуми тоа да го постигнеме? Само со постојано потенцирање на важноста од транспарентни институции, постојано да ѝ објаснуваме на публиката зошто е важно да се добијат податоците што се кријат и да ја придобиеме јавноста на наша страна. Потоа притисокот на јавноста сам ќе си ја заврши работата, смета Апостолов.

Се чини дека оваа Агенција е една од посветлите точки во системот за борба против корупцијата. Фактички таа и Антикорупциската комисија се превентивните институции на системот за борба против корупција.

Во последните неколку извештаи на ЕК за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, нема забелешки на адреса на Агенцијата, за разлика од пред 7 години кога во овие извештаи се забележуваше за неказнивоста на лицата и институциите кои не даваат информации. Но, сега таа пракса е променета.

Годишно добиваме од 7.000 до 9.000 барања за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Минатата година имаме над 9.000 поднесени барања. Околу 10 отсто од барањата се обжалувани кај Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, односно околу 800 жалби годишно, вели Бојчева.

Таа додава дека во работата ѝ смета тоа што нема добри решенија кај прекршочните одредби.

Треба во Законот да се даде можност прекршочно да се гонат и одговорните и именуваните лица, не само посредниците за слободен пристап до информациите од јавен карактер. За да можеме ние како Агенција да постапуваме, ни треба соодветно законско решение, инаку ќе ни паднат во вода нашите решенија на суд, како што претходно паднале на Комисијата, додава Бојчева.

Заради ваквите решенија често се и тужени. Така во 2021 година против нив на суд се поднесени 9 тужби.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Путин и Си ја гледаа парадата по повод Денот на победата во Москва. Фото: Скриншот од видео на WSJ News

    Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ