• Latest

По четири години затвор за обвинетите за порнографијата во „Јавна соба“

March 11, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

По четири години затвор за обвинетите за порнографијата во „Јавна соба“

March 11, 2022 11:39
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Креаторот на групата „Јавна соба“, Дарко Костовски, доби четири години затвор, а на администраторот Михаил Паневски му се досудени исто така четири години затвор, од судијката Билјана Коцевска. Казните ги добија бидејќи обвинителот Владо Милошевски тврдеше дека тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете. Двајцата се гонат за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија, пренесува Макфакс.

102.000 записи од фотографии и видеа биле најдени во телефонот на основачот на групата, а над 14.000 фотографии и видеа кај модераторот, кажа судијката.

Обвинетите се огласуваат за виновни бидејќи првообвинетиот ја основал групата Јавна соба на Телеграм, а второобвинетиот како модератор иако морале да внимаваат што се прикачува во групата, дозволиле да се направи достапно видео со порнографски елементи со дете.

Судијката објасни што е утврдено во предметот, односно дека имало обид да се избрише групата Јавна соба од страна на нејзиниот креатор.

„Тие морале да внимаваат за содржините во групата, но дозволиле да биде достапна содржината од член на групата. Од сведокот и вештачењето тоа се докажа. Судот утврди дека имало чет група со име Јавна соба во која биле објавувани порнографски материјали и материјали од детска порнографија. Дарко Костовски сам отишол во МВР и кажал дека пред да биде креирана Јавна соба, имало група „Бадијалџии“. Со оглед дека имало фотографии со сексуална содржина, таа била блокирана од Вибер. Со оглед дека „Бадијалџии“ била блокирана, била формирана нова група под име „Бадијалџии на Јавна соба која била избришана. Па од Дарко Костовски била формирана нова група Јавна соба кој го испратил линкот за зачленување во „Бадијалџии“. За кратко време основачот на групата забележал дека има фотографии со сексуална содржина. Ги бришел, но бидејќи имало се повеќе членови, не успеал да ги избршие сите. Па поради тоа членовите барале да бидат модератори, па така назначил ботови за да бришат содржини. Но и по ова, бројката на експлицитни содржини не се намалувала туку се зголемувала. Дарко Костовски се обидел да избрише се од групата, но откако не успеал, ја контактирал и техничката служба на Телеграм“, објасни судијката Коцевска.

Второобвинетиот, а сега неправосилно осуден, сам побарал да биде модератор на групата „Јавна соба“. Тој ги убедувал членовите дека групата може да функционира и дека никој ништо не им може.

„Михаил Паневски доставил е-маил порака во која вели дека бил само член на јавна соба, а како што се зголемувале членовите во групата, се ставале 18+ содржини, побарал да добие функција во групата, а потоа добил модераторска улога заедно со лице под псевдоним „Брзотрчковски Петко“. Дека Михаил Пановски бил администратор, се утврди и од естрахираните материјали од неговиот телефон“, додаде судијката.

Инаку, креаторот на групата е на возраст од 33 години, семеен човек со двегодишно болно дете. Администраторот е скопјанец кој требало да стане полицаец. И двајцата се во притвор поради можност да избегаат.

Девојки кои биле жртви на таканаречената „Јавна соба“ на Телеграм во 2020 година, со прикриен идентитет имаат сведочено дека успеале да го најдат телефонскиот број на еден од администраторите на групата и го молеле да ја избрише, бидејќи нивни фотографии вклучително со телефонските броеви, биле споделувани со илјадници членови.

Откако згасна оваа група, други лица основаа друга група со истото име кое функционираше долго време. И во неа се споделуваа броеви од жени и девојки, но и нивни разголени фотографии.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ