• Latest

Маричиќ: Клучот за решение е на релација Скопје-Софија, Брисел може да даде само поддршка

March 14, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ: Клучот за решение е на релација Скопје-Софија, Брисел може да даде само поддршка

March 14, 2022 14:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денешната посета на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ и потпретседател на Еврокомисијата, Жосеп Борел на земјава е показател дека Европската Унија стои до агендата за проширување и го има Западен Балкан во фокусот, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Коментирајќи ја изјавата на Борел дека „не може да вети датум за почеток на преговорите на Северна Македонија“, Маричиќ рече дека клучот за решение е меѓу Скопје и Софија, а Брисел може само да помогне и да даде поддршка на тој процес. Според Маричиќ, многу поважно е да се дојде до решение за проблемот со Бугарија.

– Лекцијата дека никој не може да ни вети датум, сме ја научиле повеќепати во претходниот период. Тоа не е ништо ново. Клучот за решавање е на релација Скопје-Софија, а Брисел и државите членки на ЕУ можат само да помогнат и да дадат поддршка на тој процес. Токму затоа откако беше формирана новата Влада сме во интензивна комуникација со Бугарија и токму затоа во јавноста никогаш не сме кажале некаков датум и не сме се врзале за временски период, затоа што знаеме колку е тоа неблагодарно и затоа што знаеме дека изминатите две-три години тоа не ни помогна. Затоа мислам дека нашата посветеност на суштинскиот процес и на тоа како поскоро да дојдеме до решение е многу поважна отколку врзување со датум, а во наш интерес би било тоа да се случи што поскоро, истакна Маричиќ, одговарајќи на новинарски прашања по примопредавањето на донацијата од Јапонската амбасада.

Средбата што поранешниот премиер Зоран Заев ја имаше со бугарскиот премиер Кирил Петков на Форумот во Анталија, според Маричиќ, не треба да се протолкува никако поинаку, освен како поттик на целата атмосфера на разговори и дијалог што се води меѓу владите на Северна Македонија и на Бугарија.

– Поранешниот премиер Заев учествуваше како гостин на Форумот во Анталија и таа средба е токму во рамки на тој настан. Не мислам дека треба да се сфати поинаку освен како поттик на целата атмосфера на разговори и подобрување на атмосферата низ дијалог меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија. Премиерот Ковачевски и премиерот Петков имаат редовна комуникација. Како Влада ги разговараме сите отворени прашања, дел од овие прашања се дискутираат и на затворени седници поради сензитивноста на информациите, рече Маричиќ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ