• Latest

Куртовски: СДСМ ќе ја повлече кандидатурата за градоначалник на Маврово Ростуше поради немање противкандидат

March 16, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Куртовски: СДСМ ќе ја повлече кандидатурата за градоначалник на Маврово Ростуше поради немање противкандидат

March 16, 2022 12:53
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, изјави дека СДСМ ќе ја повлече кандидатурата за Маврово Ростуше откако ВМРО ДПМНЕ не собра храброст да излезе пред граѓаните на Маврово и Ростуше на повторените локални избори кои треба да се одржат на 17 април.

За жал,  ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да излезе пред вас, пред граѓаните на Маврово и Ростуше на повторените локални избори кои треба да се одржат на 17 април, изјави Куртовски

Знаат многу добро во ВМРО-ДПМНЕ дека ги чека пораз, знаат дека како градоначалник на чело на општината во изминатите години реализиравме бројни проекти во делот на локални патишта, паркинзи, водоводни и одводни мрежи, локални улици и слично, рече Куртовски и праша: А можеби тие немаат ниту личност која би се нафатила да биде нивен кандидат?

Според Куртовски, ова е неодговорност на опозицијата кон општината и граѓаните на Маврово и Ростуше. Ним не им е важно општината да биде функционална со целосен капацитет и легитимитет.

Тој се заблагодари на граѓаните на општина Маврово и Ростуше кои излегоа на минатите избори и го дадоа својот глас, како и на сите колициони партнери кои се потпишаа и застанаа зад неговата кандидатура. Исто така се заблагодари и на сите нашинци од дијаспората кои изразија подготвеност да дојдат и да гласаат на повторените локални избори.

Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема против кандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат, Јас, како одговорен и совесен човек, но и СДСМ како државотворна и одговорна партија на кои на прво место ни се граѓаните донесовме одлука да ја повлечеме нашата кандидатура. Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни, потенцираше кандидатот за градоначалник на СДСМ.

Заедно со нашите граѓани, со дијаспората, го чекаме следниот термин за изборно соочување а дотогаш оставаме на Владата да назначи повереник до изборот на нов градоначалник. Во изминатите четири години покажавме како се работи чесно, одговорно и домаќински во интерес на сите наши сограѓани и затоа СДСМ во Маврово и Ростуше ќе биде победник кога ќе има со кого да се бориме и кога и да се случат локалните избори, изјави Куртовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ