• Latest
Марин Гавриловски

А, бре, Македонче, Британија владее!

March 18, 2022
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

А, бре, Македонче, Британија владее!

Офицерот на британската кралска гарда рапортираше на македонски јазик, а за време на смотрата на единицата се свиреше македонската песна „Јовано, Јованке“, што претставува особена чест и посебно уважување на гостинот.

March 18, 2022 07:42
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Марин Гавриловски

Марин Гавриловски

Share on FacebookShare on Twitter

МАРИН ГАВРИЛОВСКИ / СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Владеј Британијо, Британија владее со брановите, Британците никогаш, никогаш, никогаш нема да се робови („Rule Britannia! Britannia rule the waves, Britons never, never, never shall be slaves“). Секој што имал можност да ја чуе изведбата на ова познато дело, не останал рамнодушен од силното чувство на гордост и патриотизам, кои секој жител на островот ги манифестира кога ја пее оваа песна. Таа е одраз на британското чувство за надмоќ како последица на илјадагодишната традиција и големата експанзија на империјата, која, во еден период од историјата на човештвото, била распространета на сите континенти и во неа сонцето никогаш не заоѓало.

Македонскиот патриотизам, од друга страна, е во деминутив. Македончето, мало, обесправено и угнетено дури на средината на минатиот век, последно во Европа, успеало да создаде своја држава. Помеѓу овие две крајности олицетворени во кралската империја и во нашата република, во изминатиов период, се појави лавина од навреди и критики искажани на социјалните мрежи од доскорешните „експерти“ за медицина и за светски заговори, кои во меѓувреме, додека чекаат да им се верификуваат новите „дипломи“ по геостратегија и воени доктрини, се нафрлија врз протоколот на британското Министерство за одбрана и лично, врз нашата министерка за одбрана Славјанка Петровска. Овие самопрогласени експерти по сè и сешто, а „посебно“ по протокол, се најдоа повикани да го критикуваат протоколот на Британската Империја за високи гости и официјалниот пречек на министерката за одбрана на Македонија, која на почетокот на месец март беше во официјална посета на Обединетото Кралство.

На почетокот, за работите да станат кристално јасни, треба да се потенцира дека британскиот протокол – за разлика од нашиот – не греши. Дури и ако направи некоја „грешка“ (што не беше случај со посетата на Петровска на Лондон), тогаш таа е намерна и е со цел да испрати одредена политичка порака.  Долгогодишното искуство и практикување на оваа вештина е својствена на стари држави во кои несомнено спаѓа Велика Британија и нејзиниот протокол, заедно со францускиот, кои како пример другите земји го користат за да ги определат своите протоколарни правила и пораки без зборови.

Посетата на Петровска беше прва официјална посета на македонски министер за одбрана откако Македонија стана полноправна членка на НАТО. Последната посета на македонски министер за одбрана во Лондон беше остварена во 2017 година, кога Радмила Шеќеринска беше примена од својот британски колега, но тогаш почестите не беа на она ниво што го сведочевме во почетокот на март. Пред тоа, како посети од особено значење може да се издвојат приватните аудиенции кај кралицата Елизабета Втора на претседателите Киро Глигоров (во мај 1995 година, за време на одбележувањето на 50-годишнината од крајот на Втората светска војна) и на Борис Трајковски (во јули 2000 година, при што на претседателот Трајковски му беше врачен орденот на св. Михаил и св. Ѓорѓи).

Официјалниот пречек на македонската делегација беше остварен на локалитетот во близина на Министерството за одбрана, Адмиралитетот, Вајтхол и улицата Даунинг број 10 (резиденцијата на британскиот премиер), кој е познат по тоа што таму секоја година се организира традиционалната парада на кралската гарда како дел од прославата на официјалниот роденден на кралицата. Тоа е место од посебно симболичко значење за британската круна и армија. Офицерот на британската кралска гарда рапортираше на македонски јазик, а за време на смотрата на единицата се свиреше македонската песна „Јовано, Јованке“, што претставува особена чест и посебно уважување на гостинот. Како што напишав, Британците се експерти за симболика и за испраќање политички пораки. Со овие дејства тие сакаат да потенцираат неколку многу битни работи поврзани со Македонија. Првата, секако е дека, откако станавме рамноправни членки на НАТО, тие нè третираат како рамноправен партнер и соговорник. Да не заборавиме дека до пред пет-шест години  нивото на комуникација со претставниците на Обединетото Кралство беше за едно скалило под рангот на македонскиот претставник, па така министрите ги примаа замениците, премиерот, министерот за надворешни работи и сл. Втората порака која е пратена од Вајтхол не се однесува само на Македонија, туку и на нашето пошироко опкружување, особено во светло на последните ирационални барања на нашиот источен сосед. Имено, со свирењето на „Јовано, Јованке“ и со рапортирањето на офицерот на британската кралска гарда на македонски јазик, се дава/се испраќа порака за силна поддршка на нашата позиција во поглед на македонската држава, традиција, историја и на македонскиот јазик.

И, што се случи? „Експертите“ од земјата каде што врвен дострел на протоколот е определувањето на редоследот на пристигнување на коњаниците од с. Лисиче на прославата на Илинден на Мечкин Камен и поставувањето погрешни знамиња при официјална посета на странски државник, почнаа да фрлаат со дрвја и камења против британското Министерство за одбрана до таа мера што и Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје мораше со официјално соопштение да ја објаснува позицијата на својата земја. Навредите и злонамерните коментари, понатаму, се проширија и врз министерката за одбрана, а беа првенствено поврзани со нејзиниот изглед.

Домашното воспитание не ми дозволува да го искажам, целосно, моето мислење за овие безобразни и невкусни коментари, само ќе потенцирам дека министерката за одбрана (достоинствено и гордо) ја претставуваше својата земја и дека секој личен напад врз неа е и напад врз Македонија, бидејќи таа таму не е во лично својство, туку е репрезент на својата влада и држава. Затоа, секое подбивање со изгледот на министерката мора да се осуди не само како личен, примитивен и невкусен напад врз неа, туку и како напад врз институцијата што ја претставува. Мојот личен впечаток е дека ова беше една исклучително значајна, а воедно и успешна посета, која на ново ниво ги поставува односите на соработка помеѓу двете армии и министерства, а однесувањето на министерката Петровска беше достоинствено, гордо и културно, онака како што ѝ доликува на личност со добро домашно воспитување, пристојно држење и доволно акумулирано политичко искуство. Она што посебно фасцинираше (покрај политичкиот успех на посетата и официјалниот пречек и испратените пораки) беше леснотијата со која министерката Петровска, со чевли со високи потпетици, се движеше по нерамната земјена површина, а на снимката што се појави на социјалните мрежи можеше да се забележи и гордоста на лицето на Петровска, која претставувајќи ја својата земја вршеше смотра на војниците на една од најуспешните армии во историјата.

На зградата на британскиот парламент стои натпис: „Не постојат вечни пријатели и вечни непријатели, постои само вечен интерес“. Односот што Обединетото Кралство го има кон нашата земја, за среќа, не зависи од односот на некои неизживеани и прости поединци, кои ниту ја сакаат и почитуваат својата земја, институции и претставници, ниту пак ги препознаваат земјите што ни даваат поддршка и помош. Да се надеваме, дека уште долго како пријател ќе го имаме Обединетото Кралство и дека тие нема да го изгубат интересот да ѝ помогнат на една мала земја да застане на свои нозе и да се развива врз принципите и вредностите на големата британска нација и држава. На паметниот – доволно.

Извор: Слободен печат

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ