• Latest

Ристова: Ние треба да се натпреваруваме кој подобро, а не да се тепаме едни со други, за кој полошо

March 26, 2022

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Ристова: Ние треба да се натпреваруваме кој подобро, а не да се тепаме едни со други, за кој полошо

March 26, 2022 14:30
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мимоза Ристова, професорка, доктор на науки, физичар, научник на годината на УКИМ, авторка на стотина научни трудови во изјава за ЦИВИЛ Медиа се соврнува на мултикултурализмот во земјава, нејзините искуства со прифаќање и третирање на различноста надвор од земјава, со исклучително силна порака до сите чинители во земјава.

Можам да кажам дека Америка е многу далеку отидена во заложбите да го направи тоа „Едно општество за сите“, иако во Америка се чувствува дека тоа се уште не е едно општество за сите. Уште има сериозна сегрегација, здравствениот систем им е непристапен за слоевите на луѓето што немаат приходи, соодветни на барањата на осигурителните компании. Мултикултурализмот јас го видов во училиштата на моите деца. Нивната интеграција во училиштето… со таа леснотија тие ги прифаќаат јазичните бариери, мултикултурализмот во училницата, деца со посебни потреби, тоа беше толку добро организирано, што тоа треба една држава преку образовниот систем да го имплементира тука. Значи ние тука треба од прво одделение да ги учиме децата да се почитуваат едни со други, да се помагаат, да се грижат за децата со посебни потреби, посочува Мимоза Ристова за развојот на мултикултурализмот во Америка.

Едно нешто што ми остави голем впечаток, децата добија инструкции дека морате да му помагате, со распоред на часови, кое дете кога ќе му помага на детето со посебни потреби, значи тука сите се вклучени, затоа што еден ден може и вас ќе ви се роди вакво дете, и треба да бидете среќни дека сите ќе ви помагаат, за да можете полесно да го пребродите недостатокот, и да го надминете, и да го вклучите тоа дете во општеството, како продуктивен чинител. Таму децата со тризомија 21 веќе работат, разнесуваат пошта. Сепак, ќе кажам дека таму мултикултурализмот е во високо ниво на развој, меѓутоа се забележува дека општеството не е еднакво за сите. Не може да биде еднакво за богатите и за сиромашните.

Многу е тажно, бидејќи Македонија има можност, доколку има лидерство, доколку некој што знае, дојде на позиција на која што може  да се направи промената. Потребно е шаховските фигури да се наместат на позициите каде што можат да влезат во инвазија на полето на мултикултурализмот, еве да речеме дека идејата на Гоце Делчев фактички било тоа културно поле за натпревар помеѓу народите. Тоа би било тоа. Мултикултурализмот би било остварена идејата на Гоце Делчев. Ние треба да се натпреваруваме кој подобро, а не да се тепаме едни со други, за кој полошо, порачува Ристова.

 


Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.

Д. Тахири

камера: Дехран Муратов

монтажа: Ариан Мехмети 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ