• Latest

Анкета на АХК: Дури 65 отсто од германските инвеститори не успеале да ги предвидат зголемените трошоци од недела неработен ден

March 22, 2022
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анкета на АХК: Дури 65 отсто од германските инвеститори не успеале да ги предвидат зголемените трошоци од недела неработен ден

March 22, 2022 11:18
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Кај 39 проценти од стопанствениците нема зголемување на трошоците кои се однесуваат на персоналот со воведување на ден недела како ден на неделен одмор, но кај 12 проценти од нив има раст на трошоците поголем од 30 отсто, додека кај останатите испитаници растот е помеѓу 10 и 30 проценти, пренесува МИА.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Делегацијата на германското стопанство (АХК) помеѓу германските инвеститори во земјава која се однесува на измените во Законот за работни односи, односно за забраната за работа во недела и за зголемувањето на минималната плата.

-Анкетаta претежно е одговорена од страна на германските инвеститори во земјата кои пред се работат во автомобилската индустрија и вработуваат повеќе од 20 000 лица, но и неколку домашни компании го дадоа својот фидбек. Дури 65 проценти од анкетираните компании не успеале да ги предвидат зголемите трошоци при изготвувањето на буџетот за деловната 2022 година кои ги предизвика измената на Законот за работни односи, недела да биде задолжителен неработен ден. Зголемувањето на минималната плата кај 39 проценти од анкетираните компании има влијае на висината на другите плати кои ги исплаќа фирмата, велат од АХК.

Нагласуваат дека 33 проценти од компаниите успеале при изготвувањето на буџетот за 2022 година да го земат во предвид зголемувањето на минималната плата, додека 67 проценти не го превиделе ова покачување. Дури 67 отсто од компаниите повисоките трошоците за персоналот ги компензираат со намалување на фиксните трошоци.

На прашањето дали компаниите се изложени на ризик да ги изгубат нарачките поради зголемените трошоци за вработените, 73 проценти од компаниите одговориле дека не пости ризик.

Дека има простор за подобрување на дијалогот помеѓу нив и Владата во процесот на креирање политики и носење нови законски решенија предложени од Владата сметаат 84 проценти од компаниите. Дури 56 отсто од компаниите сметаа дека Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германско стопанско здружение треба со свои предлози да бидат вклучени во процесот при креирањето на политиките на Владата.

Во однос на прашањето, дали се зголемила продуктивноста на вработените низ годините на ниво на зголемувањето на платите, 50 отсто од анкетираните компании сметаат дека има зголемување, додека останатите 50 проценти сметаат дека не се одвива пропорционално.

На последното прашање дали сметате дека покачувањето на минимална плата го прави пазарот се уште конкурентен во однос Турција, Бугарија, Тунис, Мароко и Србија, резултатот е еднаков. По една третина од анкетираните компании одговориле со „да“, „не“ и „делумно“

Цивил од предходно веќе ја отвори темата за доработка на Законот со кој се прогласува неделата како неработен ден. По бројните реакции кои стигнаа во редакцијата, се чини дека освен кај синдикалните раководство, овој закон не наиде на одобрување токму кај оние за кој е наменет, работниците, и кај делод сопствениците. Овој закон отвора неколку прашања поврзани со работничките права, социјалната правда и еднаквоста, за што ЦИВИЛ веќе пишуваше и побара одговори од надлежните институции.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ