• Latest
Photo by Tim Mossholder on Unsplash

Нема целосна забрана за работа на малите продавници в недела, газдите може да работат, работниците да одмараат, ЦИВИЛ најави препораки за подобрување на регулативата

January 3, 2022
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Нема целосна забрана за работа на малите продавници в недела, газдите може да работат, работниците да одмараат, ЦИВИЛ најави препораки за подобрување на регулативата

January 3, 2022 16:29
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Photo by Tim Mossholder on Unsplash

Photo by Tim Mossholder on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

По обновената дискусија за прогласувањето на денот недела за неработен ден на социјалните мрежи и во дел од медиумите, каде што се вклучија и дел од политичарите, ЦИВИЛ побара појаснување од Министерството за економија. Дел од корисниците на социјалните мрежи и политичарите се побунија дека, наводно, „останале гладни“ во неделата.

Прашањата до Економија се однесуваа на тоа кои продавници и трговци смеат да работат во недела и под кои услови, како и тоа дали смеат да работат продавниците во туристичките места, каков тип на продавници и под кои услови.

„Трговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно закон“ – одговорија експресно од Министерство за економија.

Понатаму, од министерството појаснуваат во кои случаи постои исклучок. Трговијата на мало може да се врши само:

  1. во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност;
  2. во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши  трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ;
  3. во продавници, киосци и штандови во  трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од  8.000 м2;
  4. на  штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани,  фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела;
  5. во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата (во недела може да работи само сопственикот, а не и останатите вработени во трговскиот објект) и
  6. на зелени пазари.

Со други зборови, газдите на малите дуќани може да работат (исклучок под реден број 5), но затоа работничките и работниците може да одмараат.

Овие прашања се разгледуваат и во ЦИВИЛ од аспект на социјалната правда.

„Најновиот закон отвора неколку прашања поврзани со работничките права и еднаквоста, за што ЦИВИЛ деновиве ќе објави свој став и препораки за подобрување на законската регулатива“ – најавуваат во ЦИВИЛ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ