• Latest

Тренчевска: Креираме работни места барани на пазарот на трудот, обезбедивме 424 обуки за ИТ вештини

March 22, 2022
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Креираме работни места барани на пазарот на трудот, обезбедивме 424 обуки за ИТ вештини

March 22, 2022 14:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на конференцијата Skills4FutureWeek: „Патот кон трансформациски промени“. Тридневната конференција се реализира во рамките на проектот „Премостување на јазот кај дигиталните вештини за создавање нови и подобри работни места“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Министерката Тренчевска во својот говор, рече дека паралелно со светските технолошки достигнувања,  Владата креира работни вештини најбарани на пазарот на трудот. Таа посочи дека образованието е единствениот начин уште од мали нозе, побрзо да се подготвиме за предизвиците на новото време и дека како држава вложуваме во дигиталната писменост.

„Како Влада настојуваме да бидеме во чекор со понудата и побарувачката на динамичниот пазар на труд.  Свесни за новите потреби на пазарот на трудот со новиот Оперативен план за 2022 година, интервениравме  со мерки за обука за напредни ИТ вештини, бидејќи работните места во иднина ќе бидат во брзорастечкиот ИТ сектор. За оваа година  обезбедивме  424 обуки за невработени лица.   На овој начин на нашите граѓани  им овозможуваме да се стекнат со знаења  за полесна вработливост. Развојот на технологијата, пред се  „екслозијата“ од нови теми и научни области,  треба  да го искористиме и за премостување на сиромаштијата, невработеноста и нееднаквоста“, рече министерката Тренчевска.

Министерката информираше дека преку Моделот за преглед на занимања, младите можат побрзо да се информираат за понудата и побарувачката на работна сила на македонскиот пазар на труд,, бидејќи на веб-платформа (www.zanimanja.mk) има прикачено и опишано 74 барани занимања на пазарот на трудот.

Заменик амбасадорката во Британската амбасада Џулија Смит рече дека младите треба да се подготвени за иднината.

„За да бидеме во можност да се градиме просперитет во иднина, треба да се замислиме себеси и нашите семејства во иднината. Треба да си дозволиме да размислуваме напред. Затоа и ја поддржавме Националната развојна стратегија за Северна Македонија 2022- 2042 каде што значаен дел се посветува и на човечкиот капитал. И токму овој настан е токму тоа – човечкиот капитал на оваа земја. Она што децата и младината на денешницата треба да научат е да бидат подготвени да одговорат на економските барања на иднината“, рече заменик амбасадорката Смит.

За имплементаторот на проектот – Програмата за развој на Обединетите нации, развојот на вештините е потенцијално поле за генерирање одржливи вработувања и развој на  компетативна бизнис средина.

„Креирањето можности за работа е еден од приоритетите на УНДП во државата и тоа преку дизајнирање и развој на нови модели за учење на дигиталните вештини преку кои ќе се зајакнат, активираат и поддржат различни категории граѓани. Дигитализацијата на сите пори во општеството, а посебно во бизнис сферата, ќе продолжи да ја го менува начинот на кој организациите, владите, но и поединците одговараат на моменталните предизвици со кои што се соочува светот,“  рече постојаниот претставник на УНДПМК Армен Григорјан.

За Менсур Ндалби од Централната служба на УНДП во Њујорк дигитализација е начин како да опстанеме во овие околности со кои што се соочува светот денеска.

На конференцијата 40тина говорници од државата и регионот, ќе дебатираат и разговараат за идните вештини и знаења за  подобри позиции во економијата, за светскиот тренд на вмрежување на компании, стартапи и други ентитети за заеднички развој на иновациските и технолошки капацитети, вештини и партнерства и како да се изгради идниот екосистем на иновативни вештини во Република Северна Македонија

Во рамките на проектот, во изминативе две години  околу 400 професионалци од индустријата, практичари и студенти се обучуваат за нови вештини поврзани со новите технологии и користењето на модерните софтверски решенија важни за градежништво, текстил и обновливи извори на енергија организирани од новоформираниот Центар за нови вештини #SkillsNext при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Владата на Република Северна Македонија работи на новата   „Националната стратегија за ИКТ 2021 – 2025“ која се фокусира на утврдување на приоритетните области во ИКТ-секторот.  Целта на Стратегијата е да ја подготви државата за сестрана и агилна дигитална иднина бидејќи дигиталните технологии, кои ја овозможуваат трансформацијата, ќе обезбедат подобар квалитет на живот во општеството.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ