Факултетот за политички науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје, утре, 24 март 2022 година, организира панел-дискусија на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот”.
Панелисти:
– Едвард Џозеф, виш предавач на Факултетот за меѓународни односи (SAIS) при Универзитетот Џонс Хопкинс, САД
– Огнен Вангелов, доцент по меѓународни односи и меѓународна безбедност на Факултетот за политички науки при УАКС
– Крум Ефремов, Амбасадор на Република Северна Македонија во Украина
– Радмила Шеќеринска, поранешна министерка за одбрана на Република Северна Македонија
– Тони Танчевски, проектен менаџер во Форум ЗФД Одеса и поранешен службеник за известување и политички анализи при мисијата на ОБСЕ во Мариупол
Модератор:
Сашо Орданоски, предавач на Факултетот за политички науки при УАКС
На настанот ќе присуствуваат студентите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, кои ќе можат и директно да се вклучат во дискусијата со свои мислења и прашања. Настанот е отворен и за пошироката јавност.
Поради ограничениот број на присутни, настанот ќе може да се проследи и онлајн на платформата Webex: https://uacs.webex.com/uacs/j.php?MTID=m5c8123a7b025f2f4f9897031d2d90762