• Latest

Синдикалните лидери во борба за бајатиот ѓеврек

March 31, 2022
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Синдикалните лидери во борба за бајатиот ѓеврек

Затворена во својата автократска структура СОНК одамна е политичка играчка на ВМРО ДПМНЕ. Кај функционерите на другата најголема партија, кога таа беше на власт, синдикалците не смееја да побараат и кафе на состаноците. Но затоа онаа другата власт мораше да биде подвргната на постојано малтретирање кое многу често немаше врска ниту со реални синдикални барања, уште помалку со реалните можности. Се масакрираше образовниот процес во барање на еден ѓеврек (20 денари) приде во надоместот за хранарина

March 31, 2022 10:46
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Кога го следам обидот да се одмогне во функционирањето на владите кои дојдоа на таа позиција после изборите во 2016 година, поточно после оној крвав четврток во април 2017 година, не може а да се заобиколат обидите, низ бројни а не и целосно ефективни протести за да се создаде атмосфера на вонинституционална промена на избирачката волја на гласачите во земјава. Еден од инструментите на таквите обиди секако беа уличните протести како на главната опозициона партија, така и некои форми на работнички или квазиработнички протести, при што очевидно цело време да се става тегот на социјалното незадоволство на терезијата на наводната општа клима на „пропаст на државата после власта на Груевски и екипата“.

Најчесто, како и сега во преден план на таквите закани кон државата е СОНК, синдикат кој има бројност во својата фела (предучилишно, основно и средно образование) и одамна излезе од рамките на јасниот главен социјален партнер во земјата – Сојузот на синдикатите на Македонија. Причината за тој излез беше потребата да се ослободат идеолошките мотиви кај овој синдикат, откако во него дојде до промена на кормилото, со доаѓањето на фамозниот Дојчин Цветановски кој сосема јасно си ги „остреше забите“ само кога на власт не беше  ВМРО ДПМНЕ со свои коалициони партнери.

Веќе е легендарна онаа маратонска штрајкувачка одисеја кога во 2004 година имавме протест на просветарите што влијаше деструктивно врз образовниот процес, ги осакати генерации ученици и се заради инаетот на Цветановски кој го тегавеше протестот за вредност од еден ѓеврек. Се работеше за сума од околу 20 денари кај хранарината (!) дури откако министерот за труд Јован Манасиевски и Цветанов се усогласија околу клучните барања. И – се чинеше дека учениците ќе се вратат конечно во училишните клупи ама од некаде стигна сигналот по кој СОНК продолжи со своето рушење на стабилноста на земјата, заради сега веќе бајатиот ѓеврек! Да не беше падот на авионот со претседателот Трајковски на 26 февруари 2004 година кој знае до кога ќе траеше наметнатото мрцварење на земјата, полна со бројни предизвици: штрајкот изгуби  смисла во траорната атмосфера во земјата.

Мора веднаш да додадеме дека СОНК, притиснат од членството се обиде по промената на власта после 2006 година да штрајкува, ама беше сосечен од страна на тогашниот министер за образование Перо Стојановски, кој стана познат по тоа што на синдикалците не им понудил ниту кафе. Колку да се знае што за ВМРО ДПМНЕ значи социјалниот дијалог. Едно време Цветановски одеше по ретките опозициони медиуми да бара заштита ама потоа си се договори со власта. Така на Први мај, додека ССМ одеше на протест (традиционално), СОНК делеше летоци на плоштадот, можеби и пенкалца и тефтери, само за да не мине пред Владата. И да изгледа дека има некакви барања. И не дај боже од прозорецот да ги види Груевски.

Ослободен од јамката на власта, наследникот на Цветаноски – сега актуелниот претседател, наставникот по ОТО Јаким Неделков, како некаква трибунска Пепелашка се разбуди од деценискиот сон и започна да прави кочници за власта, а пред се за МОН. Те треба да има реформи, те многу се радикални, па потребна е он лајн настава, бидејќи наставниците се плашат да одат на работа заради ковидот, па нема услови за он лајн  настава… Изговори за исполување на незадоволство колку сакаш!

Впрочем, никој како оваа власта – во различни состави – не излезе во пресрет на социјалните барања. И тоа е факт кој никој не може да го пренебрегне. Нападната од постојаните малтретирања на дел од јавноста власта ја мина здравствената криза и сега влезе во една воена ситуација која не засега и нас на многу начини (особено економски). И покрај сето тоа власта најде начин во толку тешки ситуации да ја зголеми најниската плата во земјата, да ги заштити пензионерите и другите социјални категории. Неделков, кој е виден на средби со еден од скопските градоначалници (кој баш и не беше некаков ученик, за да се смета дека ова е некаква додатна настава) и беше јасно дека никакви наводни преговори со власта нема да помогнат тој да влета како џокер на неуспешниот обид за предвременото враќање на власт на Мицковски. И тоа токму кога владата во отсуство на волја (и при исцрпеното стопанство) презеде на себе да плаќа дел од придонесите на новите плати!

Иако заменик премиерот за економски прашања, Битиќи, јасно рече пред некој ден во една тв емисија дека во јавниот сектор нема да има плати под новата минимална и усогласувањето по хиерархија на работни места ќе оди според членот 8 од Законот за минимална плата; и никој не бега од тоа. „За жал, забораваме дека на 23 февруари немаше војна и дека ние не бевме прогласени за непријателска земја. Ние имаме војна и драстично зголемена енергетска криза и удар на економијата поради зголемување на цените. Тоа бара прилагодување“.Тој нагласува дека растот на минималната плата е достоинствен, бидејќи од 8.800 денари во 2014 година сега најзагропзените земаат 18.000 денари. Јас сум еден од тие што велат дека можеби не е доволно, но е максимум што може да се направи во моментов, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.

Колку за потсетување, да излеземе пред јавноста со некои важни и релеватни бројки. Така, податоците за раст на платите се следни: шумска полиција добила зголемување од 30 отсто во 2021 според колективен договор, во АНБ и Агенција за разузнавање согласно соодветните закони имаме зголемување од 20 до 25 отсто од 2019 до 2021 година, во Катастарот имало зголемување од 5 до 30 отсто во 2019 година за геодети информатичари, во казнено поправните домови од 25 до 30 зголемување согласно Законот, во образование по 5 отсто зголемувања во 2018, 2019, 2020 и по 10 отсто. Да напоменеме дека за овие зголемувања да се „математички прецизни“ (Мицковски) треба да се каже дека тоа не е прост збир од 25 отсто, како што можеби изгледа, туку имаме ситуација на зголемување на пет осто на пет отсто, па одново на тој збир пет отсто, па тие зголемувања десет отсто..

„Со законот кој што е заглавен во Собрание засега нема уште  дополнителни 5% од септември“ истакна Битиќи потсетувајќи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со месеци го блокира Законот за наставници и стручни соработници и го повика Синдикатот за образование и наука, таму да изврши притисок. (нека демонстрира пред седиштето на партијата која прави проблем, а не да ги малтретира граѓаните во приодот кога луѓето се враќаат од работа). За Неделков ова слепило не е релевантно, туку без трошка срам и совест говори дека последните четири години одиме во социјална пропаст! Ова го прави во време кое сите знаеме какво и покрај фактот дека Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки за справување со кризата преку пакетот антикризни мерки вреден 400 милиони евра, од кои 90 милиони евра се помош за граѓаните, а 310 милиони поддршка за домашната економија.

Колку за оние други пајтон – синдикати кои не заслужуваат никаков медиумски простор, треба да се отвори прашањето за демократијата во рамки на самите синдикати. За СОНК има бројни забелешки дека има автократија. Апсолутна недопирливост на врвот со децении, а таквите синдикатите имаат и некои други атрибути.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ