Во оваа најголема армиска единица рамо до рамо различни, а единствени Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи ги покажувате својата стручност и своите највисоки способности и докажувате дека мултиетничноста е предност на нашата држава, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска обраќајки им се на припадниците на Првата пешадиска бригада.
Министерката Петровска посочи дека пред само една недела, одбележавме две години од членството на Северна Македонија во НАТО.
Токму припадниците на Армијата, одиграа важна улога во реализација на оваа стратешка цел за државата, потенцира Петровска.
Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец во склоп на активностите по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата, со воена свеченост беше одбележан Денот на најголемата борбена единица во Армијата – Првата пешадиска бригада.
Д.Мишев