• Latest
Војо Маневски

Попишана, потшишана држава

April 4, 2022

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Попишана, потшишана држава

April 4, 2022 09:28
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Дилемата како да се наслови еден текст секогаш ми е предизвик. Кога се одлучив да го употребам овој термин, не мислев дека влијанието на другите сродни јазици од север може да го изменат смислата. Но, кога подобро размислам секој има право не сопствено мислење, преводот е слободен.

Шишањето е сериозна операција, која може да доведе до разубавување на лицето или барем за кратко му даде подруг визуелен израз. Се разбира до границата, кога природата пак ќе си ја врати зададената од творецот, форма. Многу важен е мајсторот што ја третира косата, доколку има поле за реализација. Таму каде должината на живеење и хормоналните активности му го намалуваат тоа поле, сепак не треба да се очекуваат маeстрални достигнувања. Неколкуте преостанати влакна, колку и да ги расчешлува мајсторот, сепак не ја покриваат целата оголена глава.

Имаше мајстори некогаш што имаа мал избор на фризури. Седнуваш и прво ти ја гледа формата на главата, те врти на берберското столче и донесува пресуда: „Сакаш по германски или по руски“? И едната и другата фризура значеше високо потшишан тил, а се разликуваше во должината на шишките што се чешлаа на лево или десно, во зависност од идеолошката определеност на муштеријата.

– Слушај, велеше мајсторот, за твојата глава е ваква фризура, не може секој да носи секоја фризура нема да ти стои убаво, а и здравјето треба да се чува. Промајата може да ти ја разболи главата.

Мајсторите некогаш беа и креатори на визуелниот „дојам на пучанството“.

Многу работи се сменија од тогаш, ама останаа мајсторите за шишање и надворешен „имиџ“, како што денес се нарекува шишањето на поединци и на цели народи.

Со пописов изгледа се покажува кој на каков мајстор за шишање оди и каков впечаток на јавноста сака да остави.

Најмногу се намалил процентот на оние што имаат коса за формирање на фризура. Нивната бујност и желба за сопствен израз и модерност, ги одвела кај некои други бербери што шишаат со други машинки и ножици. Таму огледалата се поголеми и редовно се чистат. Нема наслага од многуте ликови што во истото огледало се огледувале, ниту потемнети рабови на огледалото и неговите дрвени рамки во кој е стеснето. Ама шишањето е иста технологија. Се работи да се симне влакнестиот дел од главата и да му се даде прифатлива форма. На Бауштел не треба многу развиорени локни, а и онака се под работниот шлем. Значи по европејски ќе биде нашето човече потшишано, а за тоа ќе плати десетици евра. Него како пристојноста и европските норми не се за дискусија. Мали варијации се дозволени зошто секој мора да има свој идентитет. Останува изборот да не ѝ се дозволи на косата премногу бргу да расте, зошто и шишањето ќе е почесто, а богами и поскапо.

Еден дел од моиве сограѓани се потшишани изгледа по руски. Високо од позади да не се подвива косата и ја валка крагната од кошулата, а и не изгледа убаво кога се појавува под копоранот, делува неединствено. Напред косата може да се пушти над очите, но треба да се внимава секогаш да не е над нив. Треба да се види она што треба, а има заштитен ефект во други случаи. Лошите влијанија се сопираат пред природните влакна на косата.

Со раката лесно се формира фризура, кога убаво се замазне на лево подолгиот крај на шишките. Ако ти е при рака некој бугарски гел, па се замазниш како што доликува, веднаш можеш да се сликаш за пасош со благонадежен происход. Овде проблемот е во паѓањето на косата. Ваквите фризури само делумно се реализираат со кратењето на тилот. Кога дојде до фризурата однапред, едноставно недостасува материјал за фризурата. Може да помогне капа со кузирка, ама и таа пустињата мора некогаш да се симне. Не даваат лични карти ако се сликаш со капа, таков бил законот. Да се стави некој европски додаток од вештачка коса е изводливо, ама е скапо и не вирее на нашиов ветар. Еее замисли, си дал пари за убава фризура со сите стандарди и нишани, а овој нашиов овчеполски ветар неконтролирано дувне. Одеднаш од „происходот“ ништо не остане на главата и таа си блеснува со сета своја ќелавост и метил заработен од овдешното сонце и лошото одржување на косата, која ретко се чешла. Експертите велат дека паѓањето на косата била наследна и причината била во некој предок што сметал дека на главата треба да има само перчин од тилот, па надолу.

На пописот потпишани се и религиозните фризури. Не оти не сме богобојажливи, туку во овој светски заговор и наплив на лажни информации не сме разбрале која верска фризура ни е прикладна. Сите празници ги научивме, сите црковни великодостојници ги знаеме, ама за соодветната фризура не сме разбрале, иако сите празници дома ги одбележуваме со реквизити со братска, ама сепак не наша вероисповест. Затоа сега нѐ има и со убаво зафрлена долга коса наназад што го истакнува челото, но и со ошишано теме како знак на припадност кон една друга вероисповест. Лесно им е на оние наши сограѓани што верата не им бара фризура за распознавање, туку чалма. Е штом имаш чалма наш си и готово. Ем лесно за попишување, ем лесно за потшишување. Бога ми, ова со попишувањето и шишањето кај некој од моиве сограѓани излезе како ниско потстрижување да не кажам по штипски стрижење.

Не сум сигурен зошто не се попишаа, а сепак се попишани. Дали се сомневаа во својата коса, која не дава можност за некои поизвесни фризури или во берберот беше проблемот? Не секој е за бербер, тоа имаат право. Ај ако шиша со машинка и така и така. Брчи малку околу ушите, ама не е опасна, а знае и во текот на шишањето да се расипе или се затнат четкичките, па човек може и да собере храброст за искушението што го чека во понатамошниот тек на операцијата. Берберот ако шиша со ножици тогаш е навистина зголемена опасноста. Штрак, штрак со нив околу главата ти расправа разни приказни и ти ја крати косата. Никогаш не знаеш дали во занес на експликацијата може да му се намали концентрацијата, па да закачи некое уво или не дај боже некој друг скапоцен орган на главата. Опасноста објективно постои и бојкотот на шишањето добива оправданост. Сепак, природата има свои законитости, па шишањето може да се одложи за една деценија и пак ќе мора да се истрпи тортурата на берберското столче. Ако дочека косата дотогаш и не ја напушти главата во делови или во целост. Долга би била редицата на шишани и потшишани, попишани и не попишани граѓани на искубаната  ни земја, а толку простор ниту знаење има еден попишан колумнист.

Нема друго освен да си честитаме почитувани мои сограѓани. Нека ни е честито и попишувањето и шишањето, а богами за некој и краткото потстрижување!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ