• Latest

Ковачевски: На денот на основањето на НАТО го потврдуваме нашето единство и солидарност и гордо стоиме рамо до рамо со нашите сојузници

April 4, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: На денот на основањето на НАТО го потврдуваме нашето единство и солидарност и гордо стоиме рамо до рамо со нашите сојузници

April 4, 2022 13:36
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска учествуваше на трибината по повод Денот на основањето на НАТО, 4 април, којашто се одржа во организација на Евроатлантскиот Совет на Република Северна Македонија, информираат од владината прес служба.

На трибината, на која со свои излагања учествуваа и министерката за одбрана Славица Петровска, претседателот на Евроатлантскиот Совет Исмет Рамадани, и извршниот директот на Бизнис Клубот на Евроатлантскиот совет Свето Јаневски а преку видео врска се вклучија и амбасадорката на САД во државава, Кејт Мери Брнз и Кармен Ромеро, заменик-помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО.

Ковачевски на почетокот од своето обраќање истакна дека Република Северна Македонија го слави овој ден, заедно со своите сојузници со посебна гордост и со полно право како 30-та земја членка на Алијансата.

Тој потенцираше дека на 27 март во 2020 година оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО беше предаден во Стејт Департментот на Америка со што нашата земја стана земја членка на Алијансата.

Оттогаш ние сме рамноправен дел од најмоќниот воен сојуз во светот изграден и заснован на највисоките цивилизациски демократски вредности. Нашата земја е фактор за стабилност и безбедност во регионот, во која граѓаните имаат сигурна иднина, посочи Ковачевски.

Премиерот истакна дека НАТО како воен сојуз е посветен на унапредување на заедничкиот систем за колективна безбедност.

Токму затоа ја оценивме руската воена агресија во Украина како неиспровоцирана и неоправдана, но и како сериозно кршење на меѓународното право и брутално загрозување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, рече Ковачевски.Повикавме Русија веднаш да ги прекине воените дејствија и да ги повлече сите воени трупи и капацитети од Украина. Ја поздравивме храбрата одбрана на граѓаните на Украина кои со голема храброст ја штитат својата слобода и суверенитет и нивното право слободно да ја избираат својата надворешнополитичка ориентација и безбедносни аранжмани.

Според Ковачевски, сојузниците како никогаш досега се единствени во одговорот на воената агресија на Русија во Украина.
Тој посочи дека како дел од НАТО направивме важни чекори за зајакнување на превенцијата и одбранбените капацитети на источното крило на Алијансата. Во овој контекст, Северна Македонија е подготвена да го преземе нашиот удел во овие напори и ние ја поддржуваме потребната долгорочна адаптација во таа насока.

Северна Македонија целосно ја усогласи и својата надворешна политика со политиките на земјите членки на НАТО и со политиките на Европската Унија и ги донесовме сите одлуки заедно со сојузниците.

Воедно, сојузниците се единствени и во реафирмацијата на повиците за санкции врз Русија. Сите земји членки на НАТО се залагаат за итно стопирање на воената агресија, а преземањето активности за економската изолација на Русија ќе овозможи деескалација на воените активности.

Заедно со нашите сојузници во НАТО внимателно ги следиме и се спротивставуваме заеднички на хибридните закани кои имаат за цел да ги поткопаат угледот и довербата во НАТО и ЕУ во регионот на Западен Балкан. Ги следиме и се спротивставуваме и на операциите кои целат да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот и да создадат дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот.

Процесот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата беше долг. Но сега, во време на воена криза од вакви размери, согледуваме колку е значајно да се биде земја чијашто безбедност се гарантира од страна на најголемиот безбедносен и одбранбен сојуз во светот.

Со право можеме да кажеме дека сме дел од глобалните процеси и дека заедно со нашите сојузниците ќе се справуваме со сите конвенционални и хибридни закани за сигурноста, безбедноста, и за мирот во светот.

Во услови кога современиот свет се соочува со сериозна воена, хуманитарна, економска и енергетска криза, неопходни се заеднички мерки за соодветен и ефикасен одговор. Северна Македонија е одлучна да придонесе во справувањето со овие ризици преку заеднички пристап и соработка со нашите НАТО партнери, и со институциите и агенциите на Европската Унија.

Воедно, мотивирано, одлучно, посветено и храбро продолжуваме кон остварување и на нашата втора стратешка цел, членството во ЕУ.

Ја имаме целосната поддршка на САД и на нашите европски пријатели и високо ги цениме пораките за забрзување на отворањето на пристапните преговори помеѓу ЕУ и Северна Македонија.

Евроинтегративните процеси треба да започнат без ден одлагање. Силно верувам дека е неопходно Северна Македонија да има кристално јасна перспектива во ЕУ. Прашањето на проширување е веќе и геостратешко и безбедносно прашање. Потребни ни се предвидливи, веродостојни, засилени и забрзани процеси на интеграција во ЕУ.

Ние сме посветени на визијата на Северна Македонија како земја на мир, стабилност и унапредена регионална и европска соработка за економски бенефит и просперитет на сите граѓани.

Затоа денеска на денот на НАТО го потврдуваме нашето единство, сплотеност и солидарност и гордо стоиме рамо до рамо со нашите сојузници.

Заедно градиме просперитетно, безбедно, мирно и слободно општество. Тоа се вредности на земјите членки на НАТО и на Европската Унија. Тоа се вредностите на граѓаните на Северна Македонија.

Затоа што ние сме НАТО. Нека ни е честит Денот на НАТО!“, рече Ковачевски на крајот од своето обраќање.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ