• Latest

Средношколците бараат бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони од државата во текот на целата година

April 5, 2022
Фото: Еврокомесарката Марта Кос / Х

Еврокомесарката Марта Кос со честитка за Денот на независноста: Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Антонио Кошта со честитка за Денот на независноста: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Најмалку 5 лица убиени во терористички напад врз автобуска станица во Ерусалим

September 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп тврди дека е подготвен за „втора фаза“ од санкциите против Русија, ќе разговара со Путин „многу наскоро“

September 8, 2025

Уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи, крајниот рок е 15 септември

September 8, 2025
Фото: МНР на Украина/ Х

Честитки од МНР на Украина по повод Денот на независноста

September 8, 2025
Војо Маневски

Зошто се злоупотребуваат тајните служби?

September 8, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Зависна независност

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео

Одбележување на 34-годишнината на Денот на независноста – „Од сон до реалност, за вечност“

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Израелскиот врховен суд пресуди: Палестинските затвореници не добиваат соодветна храна

September 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Средношколците бараат бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони од државата во текот на целата година

April 5, 2022 13:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на средношколци подготви закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование со кои ќе се воведе правилен превоз за сите средношколци на територија на целата држава. Со нашиов предлог сите средношколци ќе го добијат правото на бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони во текот на целата календарска година, истакна претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, на денешната прес-конференција, пренесува МИА.

Тој додаде дека тимовите на Сојузот подготвиле две предлог законски решенија кои за брзо време ќе можат да влезат во собраниска процедура. Првото, како што наведе, се однесува на бесплатниот превоз за сите средношколци.

– Моменталната состојба е поразителна: сите се сеќаваме на случајот во Радовиш каде 66 средношколци две недели немаа превоз до училиште. Самиот систем е дискриминирачки – средношколците кои живеат на растојание помало од 2,5 километри од нивното училиште како и тие во приватните училишта немаат право на бесплатен превоз. Тие кои го имаат, пак, го губат правото за време на распустот што се намалува нивната мобилност, нагласи Павиќевиќ.

Тој додаде дека оствариле и средба со градоначалничката на Скопје и оти нивните идеи наишле на поддршка и разборање. Начелно договориле и состанок со Управниот одбор на ЗЕЛС.

Павиќевиќ информираше дека подготвиле и предлог-закон со кој ќе се гарантирааат ученички совети во секое училиште, нивна независност од другите органи на училишната управа и демократски и непосредни избори за претседателите на ученичките совети.

– Средношколското организирање е круцијално за канализирањето на гласот на средношколците и исполнување на нивните барања и интереси. Моментално истото не е регулирано со закон туку е оставено на добрата волја на училиштата. Ова дозволува честопати во училиштата воопшто да нема демократски претставници на учениците или пак тие да бидат именувани од страна на директорите. Ова мора да се промени. Долго време преку различни иницијативи заедно со ИДУЕП, КАС и ЛЕАД ги најавуваме нашите реформски зафати. Овој предлог-закон е подготвен. Тој гарантира постоење на ученички совети во секое училиште, нивна независност од другите органи на училишната управа и демократски и непосредни избори за претседателите на ученичките совети, наведе Павиќевиќ.

Тој информира дека Сојузот на средношколци и официјално добил кандидатски статус за членство во Организирачкото биро на европските средношколски сојузи (OBESSU).

На новинарско прашање во врска со нивниот став за протестот на СОНК, од Сојузот истакнаа дека „кога тие штрајкуваат професорите им пишуваат неоправдани“ и запрашаа „кој ќе им пишува неоправдани на професорите?“.

– Не би сакале да го коментраме најавениот штајк на СОНК, меѓутоа мора да кажеме дека правото на образование е уставно загарантирано. Државата како знае и умее мора да го обезбеди за сите ученици, без прекин. На пример кога учениците штрајкуваат професорите им пишуваат неоправдани и честопати се осудува бојкотот од страна на учениците, така што прашањето е кој ќе им пишува сега неоправдани на професорите? Треба да се поттикнува солидарноста меѓу сите учесници во образовниот процес. Поквалитетен образовен систем е во интерес на сите, истакна Павиќевиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Зависна независност

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ