Авторката Лиса Баута Шаќири во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите затоа што е возможно нашата држава и општество да оди напред.
Национализмот и меѓуетничката омраза ни одзема многу енергија. Сиот потенцијал што го имаме како народ што живее во оваа земја, со нашите сограѓани, со меѓусебна доверба и со заеднички дела независно од нашите различности, можевме да работиме малку повеќе и сета таа енергија да ја канализираме за нашата држава и општество да одат напред.
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.