• Latest

Регионална конференција за подобрување на вработувањето на младите во Западен Балкан

April 7, 2022
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Регионална конференција за подобрување на вработувањето на младите во Западен Балкан

April 7, 2022 12:51
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Идните стручни вештини, вработувањето на младите и можностите за претприемништво се теми на денешната регионална конференција „Вештини за идни работни места / Skills For Future Jobs“, на која домашни и меѓународни експерти ќе ги презентираат најновите наоди од истражувања и ќе споделат практични искуства за тоа како да се поврзат вештините со идните работни места врз основа на  потребите и очекувањата на пазарот на трудот, пренесува МИА.

Конференцијата ја организираат Министерството за образование и наука и Стопанска комора на Северна Македонија, со поддршка на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк“ и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Министерот Јетон Шаќири рече дека со настанот почнува реализацијата на регионална иницијатива чија цел е подобрување на вработувањето на младите во Западен Балкан  преку стекнување на потребните компетенции за работа и поврзување на образованието со пазарот на трудот.

-Идејата е да создадеме платформа на експерти од сите земји кои ќе соработуваат, ќе разменуваат искуства и ќе им помагаат на земјите кои ги претставуваат во намерите за создавање кадровски потенцијал токму онаков каков што му е потребен на стопанството. Се надевам дека конференцијата ќе биде успешна, имаме голем број говорници и учесници од земјава и од регионот. Посакувам ова да биде почеток на успешна приказна и конференцијата да биде традиција секоја година во Скопје. Секоја земја од регионот ќе има можност во иднина да биде домаќин на вакви случувања, а сите заедно ќе се потрудиме бројот на учесници постојано да се зголемува, рече Шаќири пред почетокот на конференцијата.

МОН во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), стопанските комори, компаниите и локалните самоуправи во изминатиот период во општините организираше кампања „Учи паметно, работи стручно“ и тоа резултираше со зголемен интерес за отворање дуални паралелки во средните стручни училишта, чии ученици имаат практична настава со поддршка од приватниот сектор. Од 97 паралелки оваа година, за наредната учебна година нивниот број е зголемен на 223.

Амбасадорка на Швајцарија Вероник Улман истакна дека е многу важно младината да најде можност за стручно вработување и искажа задоволство што Швајцарија помага и учествува во проектот кој, како што рече, веќе станува успешен зашто за оваа година ќе биде двојно зголемен бројот на ученици во дуалното образование.

-Швајцарската Конфедерација ги поддржува МОН и Стопанската комора на РСМ преку наоѓање можности како да се поврзат стручното образование и потребите што ги има пазарот на трудот во државата. Преку дуално образование тие ќе најдат работа, стекнуваат шанса да научат нов занает. Всушност веќе и работат во компаниите, со што се овозможува бенефит и за компаниите, кои ги обучуваат младите кои утре ќе биде дел од работната сила во државата, рече Улман, додавајќи дека фактот што над сто луѓе денеска присуствуваат на регионалната конференција кажува дека е голем интересот за развивањето на овој проект.

Извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија Антони Пешев посочи дека Комората од 2007 година интензивно работи на воведување на дуалното образование и дека за нивните членки било јасно дека ако сака економски да се развива, државата пред сѐ мора да внимава на развојот на младата работна сила.

-Без разлика дали ќе бидеме дел од ЕУ или не, ние нашата домашна работна мора да си ја завршиме. Мора да направиме систем кој ќе произведува доволно млади работници кои ќе бидат спремни да се справат со предизвиците на новата економија. Огромниот број странски директни инвестиции во Македонија е уште еден додатен мотив да направиме образовен систем кој ќе им овозможи на младите луѓе да се вклучат во производството веднаш по завршување на средното образование, без ограничување на можноста да продолжат во високото образование. Многу ми е драго што швајцарската влада и МОН ја разбраа оваа потреба и со заеднички напори успешно го туркаме системот во кој се вклучуваат сѐ повеќе млади луѓе. Македонија ова го проширува и регионално обидувајќи се да создаде поширок пазар на работна сила што ќе ги опфати земјите од Западен Балкан со што ќе се отворат перспективи за младите, рече Пешев.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ