• Latest

Пресуди за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 доби 9 години затвор, Јасна Ерцеговиќ 4, Ременски ослободена од обвинение

April 7, 2022
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Пресуди за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 доби 9 години затвор, Јасна Ерцеговиќ 4, Ременски ослободена од обвинение

April 7, 2022 13:05
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд – Скопје определи вкупно 14 години затвор за обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“. Единствена казна затвор во траење од девет години судот му определи на обвинетиот Бојан Јовановски за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, пренесува МИА.

Обвинетата Јасна Ерцеговиќ, исто така, е виновна за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ со што судот на неа ѝ определи единствена казна затвор од четири години во која се смета и времето поминато во куќен притвор.

Судечкиот совет ги ослободи од обвинение за „измама“ обвинетите Фросина Ташевска Ременски, и Христина Блажевска. Додека, Блажевска, се обвинува само за „перење пари и други приноси“ со казна затвор на казна затвор во траење од една година.

Судот на обвинетиот Миле Јовановски за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ му утврдува единствена казна затвор од две години која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори кривично дело.

Правното лице „Меѓународен сојуз“ судот го осуди со казна од еден милион денари која треба да ја плати во рок од 15 дена од правосилноста а пресудата.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација „Меѓународен сојуз“, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги искористил документите од посочената НВО и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица.

Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719 905 евра, односно 233 821 евра во денарска противвредност.

Застапникот на обвинението за случајот „Меѓународен сојуз”, јавната обвинителка Ивана Трајчева, ќе поднесе жалба на пресудата на Основниот кривичниот суд Скопје, по однос на ослободителната одлука за обвинетата Фросина Ременски. Давајќи образложение за најавената жалба обвинителката Трајчева, истакна дека за неа како обвинител којшто го застапуваше овој предмет во текот на судската постапка навистина е нејасно како судот не утврдил кои се дејствијата на влијание од страна на Ременски.

– Самите оштетени посочија дека токму поради нејзината личност, функцијата која што ја извршувала во тој момент довела до потпишување на таквите договори. Кога ги имате овие два факти коишто судот и самиот ги прифатил, неспорно денеска тоа беше кажано, навистина не знам како на крајот судот донел заклучок дека Обвинителството во текот на постапката не докажа надвор од разумно сомневање дека го сторила делото кое што и се става на товар. Но, ние како странка во постапка имаме право на жалба и сметам дека тоа право секако ќе биде искористено, рече обвинителката Трајчева.

Воедно, што се однесува на осудителниот дел таа посочи дека се потврдила тезата на Обвинителството дека обвинетите ги сториле делата коишто им се ставаат на товар со предметниот обвинителен акт.

– Во однос на казните морам да кажам дека ќе мораме да ја почекаме писмената пресудата за да слушнеме точно кои околности како олеснувачки и отежнувачки биле ценети од страна на судот при одлучување и одредување на видот и висината на изречените казни бидејќи, како слушнав и денеска, самите тие околности не ги слушнавте. Оттука не можам да ви кажам дали би имало жалба во овој дел по однос на веќе изречените казни, рече Трајчева.

 

Правниот застапник на првообвинетиот Бојан Јовановски, адвокатот Сашо Дуковски, после изречената пресуда за „Меѓународен сојуз”, изјави дека оваа судска пресуда не се заснова ни еден милиметар на докази коишто беа изведени во текот на постапката, туку е несреќен компромис помеѓу политика, а особено на личен анимузитет на судечкиот судија према моите клиенти, особено кон обвинетиот Бојан Јовановски.

– Не влегувам воопшто во драконската казна дали е мала или голема, затоа што сметам дека во овој конкретен случај нема никакво кривично дело извршено од страна на обвинетиот Бојан Јовановски, изјави Дуковски и најави дека за ова пресуда ќе биде поднесена жалба.

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, по објавување на одлуката дека е ослободена од вина кратко наведе дека е задоволна од денешнава одлука и побара разбирање по добивањето на пресудата да даде образложение за денешниов настан.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ