Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, по повод суспензијата на Русија од Советот за човекови права на ОН, на Твитер напиша дека ова е важен и историски ден.
Земјите ширум светот гласаа за суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН, објави таа.
Колективно, испративме јасна порака дека Русија ќе сноси одговорност, напиша Томас-Гринфилд.
Денеска деведесет и три земји гласаа за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН поради злосторствата во киевското предградие Буча и други места во Украина.
Дваесет и четири земји гласаа против нејзиното суспендирање од Советот, додека 58 беа воздржани. Потребно беше двотретинско мнозинство. Воздржаните не се броеја.